ДУМА, ОПИТ, УКА, 163

Потребно време за читање: 14 минути

163. Сведок-Сведоштво

Најпрвин сведочиш пред времето во кое живееш. Не дека тоа те обвинува за нешто, туку затоа што си дел од него. Тоа може, но не мора да биде и твое; кое е или наспоредно со твоето или му е спротивставено. Сведочиш со стореното-нестореното, направеното-ненаправеното, со создаденото-несоздаденото, завршеното-недовршеното. Најчесто одговарајќи на неговото прашање: што оставаш твое како трага, како постоење?

Потоа сведочиш за времето во кое си живеел, значи кое е веќе минато. Може како негов бранител, може и како негов обвинител. Твоето сведоштво им користи на сегашноста и иднината најмногу како трајно или минливо постоење на родот и народот на своја, во своја земја, под свој небосклон.

Најпосле сведочиш со твои зборови, мисли и дела за непокор, борба, самодокажување, одбрана на човечкото во човекот, единството, заедништвото, достоинството, идентитетот.

Цел живот биди сведок на животни вистини.

Македонски народни пословици и изреки

Преживеаните по битка се сведоци на смелост или кукавичлук.

Сведокот сам прај сомнеж и недоверие при непомнење на нешто од запомнатото.

Не го збунувај сведокот со прашање оти збунет ќе ги искриви случените собитија.

Напрај сè што можеш да не си сведок на една или иста смрт на татко ти и мајка ти.

Срамот да е без сведоци.

Застрашениот сведок ги искажува чувствата со исправено, искривено или свиткано тело.

Успех со сведоци, неуспех без нив.

Огнот во домаќинска куќа е сведок на живот околу него.

Пословици и изреки од народи на светот

Не раскажувај за она на што не си бил сведок и не опишувај земја што не си ја видел. (Англиска)

Во мирен соживот  бидисведок за силата на човечкиот ум. (Француска)

Љубовта бледнее наспоредно со рамнодушноста спрема каква било непромисленост на еден од сопружниците. (Холандска)

Промена, избор, показ и доказ на живот како единствен сведок на постоењето. (Руска)

Не со лажните сведоштва, колку сведолагите во. (Италијанска)

Чистата свест е сведок на чиста светлина. (Балкански народи)

Латински изреки

Еден сведок, никаков сведок! (Testis unus, testis nullus!)

Навистина жали оној што тагува без сведоци. (Ille dolet vere, qui sine teste dolet.)

Никој не е одговорен судија (сведок) за своето сопствено дело. (Nemo iudex (testis) idoneus in propris (sua) causa.)

Самото дело е сведок. (Res ipsa testis est.)

Сведоштво за зрелост. (Testimonium maturitatis.)

Совеста вреди колку илјадници сведоци. (Conscientia mille testes.)

Сведок на минатото (за историјата и историчарот). (Testis temporum.)

Сведоштво за сиромаштија (признавање на некаква слабост; сведоштво за нечија кратковидост). (Testimonium paupertatis.)

Тиранијата се поддржува со лажно сведочење.

Домисла, гесло, мисла водилка

Сè се менува откако ќе се идентификуваме како сведок на историјата, наместо како актер во неа.
Анонимус

Продолжувајќи со одвоено сведочење, стремежот за бегство почнува да слабее, а се засилува присуството.
Анонимус

Кога човек страда од неправда, сведоците на неговите страдања се осудени да страдаат од срам.
Анонимус

Докажувањето е вистинито само за себе; тоа сведочи само за постоењето на докази, но тоа не докажува ништо.
Анонимус

Да сведочиш за смртта, без да бидеш скршен од нејзината тежина.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако видот на очите имаше поголема сила отколку сведочењето на разумот, тогаш пнајвисокото место на дрвото на мудроста несомнено ќе му припаднеше на орелот.
Луциј Апулеј

Ако кажеше „да“ гласно, ако се согласеше да учествува во љубовната сцена по своја волја, возбудата ќе стивнеше. Зашто она што ја возбудува душата е имено да биде предадена од телото кое дејствува против неговата волја, и да биде сведок на тоа предавство.
Лејла Слимани

Ако дрвјата можеа да зборуваат, ќе имаше илјадници сведоци.
Стина Џексон

Ако сакате сведоци, тогаш јас сум таков и можам да ви кажам сега, кога ќе речете дека тој го откупил светот, ќе кажам дека не вредело. Не вредеше.
Колм Тојбин

Ако ја посетите судницата, ќе забележите дека адвокатите користат два стила на критика: за да го уништат делото, тие предизвикуваат сомнежи спрема најсилните аргументи што го поткрепуваат; за да дискредитираат сведок, тие се сосредоточуваат на најслабиот дел од сведоштвата.
Даниел Канеман

Алчноста и штедроста во суштина се многу блиски: и едната и другата сведочат за сомнеж во себе и за себичност.
Том Робинс

Анархија-тивкиот сведок на минатите епохи, арената на големите битки, лулката на номадските племиња.
Чингиз Ајтматов

Архитектурата е изложена на животот. Ако нејзиното тело е доволно чувствително, тоа може да добие квалитет што сведочи за изминатиот живот.
Питер Зумтор

Атеизмот сведочи за силата на умот, но само до одреден степен.
Блез Паскал

Бев сведок на нешта кои древните би ги нарекле чуда, но тие не се чуда. Тие се продукти на нечија мечта и се случуваат како резултат на напорна работа.
Вупи Голдберг

Бев сведок одблизу како груби и насилни мажи можеа да бидат решени да им ја наметнат на други својата верзија за љубов и безопасност, користејќи оружја и крв.
Ангела Ахмади-Милер

Бев сведок на два основни примера, дека во светот останаа добри луѓе. Лојални мажи. Верни мажи. Иако можеби се крадци затоа што ми го украдоа срцето.
Кејт Стјуарт

Бев сведок на многу насилство и открив дека си го поставувам прашањето: Користите ли некогаш насилство за да се обидете да постигнете политичка промена?
Марид Кориган

Без разлика на каква грозота и уништување можете да станете сведоци околу вас, сакам секогаш да верувате дека најмалиот поглед на убавината тука и таму е одраз на живеалиштето на боговите.
Вејд Ратнер

Библиотеката содржи сведоштва за вистини и сведоштва за лаги.
Умберто Еко

Бидејќи страдањето не им дава право на своите жртви, ние што сме сведоци сме одговорните за зацврстување на тие изгубени права.
Лив Улман

Бидејќи се чини дека не сум во состојба да лекувам многу, тогаш можеби можам просто да бидам одговорен сведок на чудото на обичната душа.
Себастијан Бери

Бидете помалку судија и ќе се изненадите дека, кога ќе станете сведок и не судите сами, ќе престанете да ги судите и другите. И тоа ве прави почовечки, посочувствителни, поразбрани.
Ошо

Бог е мојот сведок, Христос е мојот судија, животот е да го живеам, и живеам за да сакам.
Хедер Греам

Богот на небото е наш сведок и тој ќе биде вашиот судија.
Џули Бери

Бројот на годините уште не сведочи за должината на животот. Човечкиот живот се мери со она што тој го направил и го преживеал.
Семјуел Смајлс

Важно е дека човек е изгубен во времето, во моментот што непосредно му претходи-што само сведочи дека размислил оти е изгубен во моментот што следи.
Андре Бретон

Вашата цел не е да се борите со умот, туку да станете сведоци на умот.
Свами Муктананда

Веројатно нема ништо полошо во една војна од случајна смрт далеку од своите, без сведоци.
Васил Биков

Верувам дека лошите вести треба да се соопштат лично, без сведоци и навремено.
Алан Гринспан

Видете, млад човеку, постоењето на демони сведочи за постоењето на Бог и обратно.
Леонардо Падура

Во историјата на човештвото тешко е да се најдат настани кои сведочат во полза на претпоставката дека човечкиот живот има некаква вредност.
Џозеф Хелер

Во љубовта меѓу родителите и децата Господ се вложува себеси повеќе отколку во сè друго, вклучително во сите чуда што постојат во природата. Тоа е неспорно сведоштво за Неговото присуство на земјата.
Марк Хеприн

Во љубовта нема сведоци и експерти.
Џефри Дивер

Во кривичните истраги секој факт, секој сведок е огледало во кое се одразуваат околностите на делата.
Жан Кристоф Гранже

Во принцип сме сведоци на залез на демократијата.
Тарик Али

Во суштина, секое изразување има две благородни намери: да се обиде да го каже она што не може да се каже и да сведочи за она што е.
Марк Непо

Воените гробишта во сите краишта на светот се молчаливо сведоштво за неуспехот на националните лидери да го одмаздуваат човечкиот живот.
Јицак Рабин

Воинот се смета себеси за мртов, така што нема што да изгубиме. Најлошото веќе му се случило, затоа е јасен и спокоен; судејќи според неговите постапки или според неговите зборови, човек никогаш не би се посомневал дека тој бил сведок на сè.
Карлос Кастанеда

Големата шума стана сведок на неговата заклетва, а лисјата на дрвјата шепотеа, раздвижени од налетот на северниот ветер.
Лаура Гајего

Грешниците беа многу поинтересни од обичните луѓе-за тоа сведочи самата Библија.
Лене Кобербол

Да бидеш сведок, значи да носиш одговорност.
Тимоти Финдли

Да можеше мојата сопствена фантазија да ја роди сцената на која штотуку бев сведок! Да можев да измислам толку смело како самиот живот!
Филип Рот

Да се ​​помолиме: благодарам на моето повисоко јас, гласот на љубовта и мудроста во мене. Ви благодарам што ми дадовте желба да ја отворам оваа книга и да го започнам ова патување. Сакам да бидам слободен. Сакам да бидам среќен. Подготвен сум да бидам сведок на мојата казна без осуда.
Габриел Бернштајн

Да станете сведоци на титанички собитија е секогаш опасно, обично болно и често фатално.
Лари Нивен

Дајте вистинско сведоштво, дури и ако е тоа против вас самите, вашите родители или вашето семејство.
Ајан Хирси Али

Денес сме сведоци на стотици години научни откритија што се оспоруваат од луѓе кои едноставно ги игнорираат фактите, кои случајно не се во согласност со нивните цели. Некои ја нарекуваат „псевдонаука“, други ја нарекуваат „наука заснована на вера“, но кога ќе забележите каде се случува таа небрежност можете да ја наречете „политичка наука“.
Мајкл Блумберг

Децата се вечни неми сведоци на секој човечки грев и колку повеќе ја растураме нивната чистота, толку повеќе ги фалиме чистите бели блузи на „невиноста“.
Адријан Барнс

Децата се сведоци на најлошото-родителска малодушност, подлост, жестокост…
Ирвин Шо

Дневниците се обично сведоци на изживеан живот. Мојот го замени животот.
Алберт Шпер

До степенот во кој оперативната социологија и психологија помогнаа за ублажување на нечовечките услови, тие се дел од интелектуалниот и материјалниот напредок. Но, тие исто така сведочат за амбивалентната рационалност на напредокот, кој задоволува додека ја упразнува својата репресивна сила и потиснува додека ја задоволува.
Херберт Маркузе

Доказ за лидерски квалитети не е да се внесува величие во хуманоста, а имено да ја извлечеш бидејќи величието е веќе таму.
Џејмс Бјукенан

Документацијата е творба на современиот свет. Дали мислите дека имале документи пред четиристотини години-не, сè што имате се љубовта и сведоците.
Налини Синг

Должност на преживеаните е да сведочат, така мртвите да не бидат заборавени, ниту непознатите темни жртви. Се надеваме дека овие страници можат да инспирираат благочестива мисла кон оние кои биле засекогаш замолчени, истоштени на патот или убиени.
Ирене Вајехо

Домовите воопшто не се рамнодушни сведоци на нашиот живот. Тие го чуваат споменот на сите што живееле во нив.
Феј Велдон

Достоен за сожалување е фактот што човекот со голема леснотија ги усовршува своите вештини, а не себеси. Доказ за тоа е секоја високо развиена цивилизација: колку се повисоки достигнувањата на цивилизацијата, толку е пониско нивото на моралните вредности.
Николај Велимирович

Духовите се едновремено останки од историјата и сведоци на неа.
Кетрин Хау

Еден случаен минувач може да сведочи само за моментот. И она што човек го гледа секогаш ќе биде обоено од она што копнее да го види.
Ребека Склут

Емоцијата и мислата секогаш треба да се неразделни, читателот треба да е сведок на живи мисли раздвижени од емоции при создавањето текст.
Енрике Виља-Матас

Ерудицијата за мене е важна. Таа сведочи за искрена интелектуална љубопитност. Таа сведочи за отвореноста на умот и желбата да се ценат  идеите на другите луѓе.
Насим Талеб

„Ефектот на очевидец“, односно колку повеќе сведоци, толку е помала веројатноста некој од нив да понуди помош.
Маркус Викс

За историјата на цивилизацијата сведочат нејзините  урнатини.
Милован Витезовиќ

За да се спроведе правда меѓу луѓето, неопходно е да се презентираат сведоштва за факти; и дека сведоците треба да се апсат, цврсто обврзани да ја откријат вистината, според нивната совест, во темни и сомнителни случаи.
Исак Бароу

Зборовите се сведоци кои често зборуваат посилно од документите.
Ерик Хобсбаум

Зрачеше со чистота која сведочеше за целосен недостаток на здрав разум.
Јукио Мишима

Иако поетот умира, сведоштвото на напишаното што го остава тој е триумф кој облагородува и во исто време е наследство на човечката раса.
Рејналдо Аренас

И секогаш си спомнував дека лагата понекогаш сведочи за љубовта повеќе од вистината.
Жил Легардиние

Измисленото сведочење е исто така вистинито-дури ако сведокот не кажал ништо подобно.
Греам Свифт

Изненадувањето е сведоштво за ограниченоста на разумот.
Бернард Бекет

Изнесувајќи ги нашите брачни спорови на горниот кат за да избегнеме изложување на децата на раздори, ние случајно ги лишивме од шансата да бидат сведоци како две души кои се грижат еден за друг можат да ги решат своите разлики на спокоен и разумен начин.
По Бронсон

Има доста луѓе кои мислат дека ќе успеат без да сфатат дека живеат лажен живот. Овие луѓе нема да постигнат голем статус, освен ако не станат сведоци на неуспеси во одреден момент од својот живот.
Рјухо Окава

Има нешто длабоко тажно во тоа што две души се заљубуваат сè повеќе, особено ако сте единствен сведок на таа сцена.
Силвија Плат

Историјата на сите револуции и граѓански војни несомнено сведочи дека застрашената или угнетената класа е склона да ја бара причината за своите несреќи не во себеси, туку во странски агенти и емисари.
Лав Троцки

Историјата сведочи за виталната улога која „пророците“ ја одиграле во човечкиот напредок-доказ за крајната практична вредност на безрезервното изразување на вистината како што ја гледа човек. Но, исто така станува јасно дека усвојувањето и распростраанетоста на оваа визија отсекогаш зависеле од друга класа луѓе-„лидери“ кои треба да бидат филозофски стратези, постигнувајќи компромис меѓу вистината и восприемчивоста на луѓето кон неа.
Џавахарлал Нехру

Јазик и зборови-гранка и лисја на срцето кои сведочат за тоа дека е тоа суво или зелено.
Антонио Перез

Јазикот е нешто бескрајно поголемо од граматиката и филологијата. Тоа е поетско сведоштво за генијот на една раса и култура и живо олицетворение на мислите и фантазиите што ги формирале.
Џавахарлал Нехру

Јас сум живо сведоштво за оваа вистина: будењата не се мистични искуства, што се резервирани само за монасите, мистиците и поетите. Тие не се само за „духовни“ луѓе. Тие се за секој од нас кој сака да се промени-кој сака да се излечи, да напредува, да блесне.
Никол Лопера

Јас сум конзервативец до срж, како што ќе посведочат оние кои ме познаваат најдобро.
Дејвид Камерон

Какво би било гледањето на машините за човечката раса, ако станат сведоци на начинот на кој се однесуваме кон другите видови?
Мо Гаудат

Книгите изгореа додека повеќето од нас чекаа да видат дали ќе бидеме сведоци на крајот на светот.
Сузан Орлеан

Книгите имаат две функции-социјална (сведоци за твојот висок духовен развој) и применета (погодно е да се стави пепелник на нив).
Сергеј Минаев

Кога правите непријатни бешта, бидете подготвени за фактот дека има сведоци на вашите дела.
Дарија Донцова

Кога срамот е ваш сопствен, доволно е тешко да го поднесете. Кога други луѓе се сведоци на тоа, станува неподносливо.
Рејчел Абот

Кога ќе станеш сведок на магија, ти остануваш без зборови.
Лори Нелсон Шпилман

Кога сте на пат да извршите гнасно дело, уважувајте се себеси иако ќе нема сведок.
Авсониј

Кога црната ноќ се спушташе од небесата, знаев дека со миг на око ќе станам сведок на смртта на залезот. Ги видов отворените и тврди гради на огромната земја; позата ѝ беше на зов, на мамка. И како што мајката ги повикува своите деца, така и земјата го повикува идењето на ноќта.
Ју Хуа

Колку е ужасно да станеш учесник во конфликт или полошо жртва отколку сведок на конфликт.
Сузана Фортес

Колку повеќе сме сведоци на нашите емоционални реакции и разбираме како тие работат, толку е полесно да се воздржиме.
Пема Чодрон

Колонизаторот пишува историја, победувајќи двапати: Кражба на земја. Кражба на сведоци.
Либа Бреј

Континуираната рутина, познати подробности, воспоставени навики, очекувани постапки-сето тоа, според него, сведочи за предвремената старост.
Леонардо Падура

Култот на телото сведочи за она што во наше време го зазело местото на душата.
Жан Бодријар

Кучето сведочи за добрината на човекот.
Сара Џио

Љубомората е доказ за незрелост на душата.
Александар Свијаш

Малкумина ќе станат сведоци на подвиг достоен да стане легенда.
Лејни Тејлор

Мислењата што ги изразуваме за другите сведочат за тоа каква претстава имаме за себеси.
Артуро Граф

Мноштвото книги во библиотеката често се толпа сведоци на незнаењето на нивниот сопственик.
Аксел Оксенсиерна

Можете да станете сведок на стравот и расудувањето како модел на зависност, а не како лична црта.
Габриел Бернштајн

Моите модрини беа сведоци на непотчинување што е сè уште во ôд.
Росела Посторино

Молчењето понекогаш е позначајно и повозвишено дури и од најблагородната и најизразената елоквентност, и во многу случаи сведочи за висок интелект.
Џозеф Адисон

„Мора да читаш!“-кога секоја нивна фраза сведочи дека тие никогаш не читаат ништо!
Даниел Пенак

Морето е и молитвена книга. Тоа сведочи за Бога.
Жан Пол Сартр

Музиката е код. Овој код ги содржи сите тајни, сето она што засега не го разбираме. Ние прибегнуваме кон филозофијата за да разбереме многу нешта. Но музиката се чини дека сведочи за постоењето на светот од моментот на неговото создавање.
Вангелис

Набљудувањето е токму проблемот. Набљудувањето, како што го разбираме, е непријател на разбирањето. Ние сме опседнати со овој чин на сведочење-сепак сведочењето е дејствие што неотповикливо го засегнува субјектот. Како што се покажува, можеме да бидеме сведоци само на сведочењето.
Рив Ларсон

Надворешен сведок, кој не присуствувал на местото на злосторството, не видел и не слушнал ништо, претполага дека сторителите најверојатно се странци.
Марк-Уве Клинг

Најлошиот дел од историјата е што таа, како непрекинато злосторство, претпочита да не остави живи сведоци, рано или доцна елиминирајќи ги сите.
Михаил Успенски

Најпрвин, иконата не е уметничко дело, дело на самодоволна уметност, туку дело на сведок на кое му е потребна уметност заедно со многу други нешта.
Павел Флоренски

Најубедлив доказ се сведочењата на непријателски сведоци.
Џош Мекдауел

Неверојатно е како луѓето ја земаат предвид секоја ситница, измислувајќи цели приказни кои потоа ги раскажуваат како самите да биле сведоци.
Теодор Фонтане

Не грижете се: сите оние луѓе кои беа сведоци на вашите први чекори во животот постепено ќе исчезнат. Ги познававте по време, кога вие самите бевте многу млади и за нив беше време за зајдисонце.
Патрик Модијано

Не е точно дека демократијата секогаш ќе ја заштитува слободата на совеста подобро од автократијата. Станете сведок на најпознатиот од сите процеси. Од гледна точка на Евреите, Пилат со сигурност бил претставник на автократијата. Сепак, тој се обиде да ја заштити слободата. И тој подлегна на демократијата.
Џозеф Шумпетер

Не можете сосема да го избришете целото минато. Секогаш ќе има сведоци, луѓе меѓу кои сте живееле.
Патрик Модијано

Не носам колекција на плусеви и минуси изобилно гнила со непристрасност. Јас сум сведокот. И јас не практикувам симпатија или антипатија, туку љубов и омраза.
Панаит Истрати

Не, вие не умревте залудно. Вие сте сведоци на бесмртната Африка, вие сте сведоци на новиот свет што ќе биде утре.
Леополд Сенгор

Невообичаените сензации се доказ за болеста. Ненарушената животна сила предизвикува природни сензации. Само оштетувањата на првичната материја (животна сила) можат да предизвикаат невообичаени сензации.
Џејмс Тејлор Кент

Независно од тоа дали ќе тргнете по свој пат или ќе останете заедно, ќе продолжите да бидете сведоци-против незнаењето, против жестокоста и од името на сè убаво во овој чуден и крив свет.
Адам Гидвиц

Незаинтересираните сведоци секогаш сожалуваат, ако во собитијата нема достаточно драма.
Ана Зегерс

Неизвесноста и скептицизмот се вредности сами по себе. Тие сведочат за тоа што го мислиш.
Том Егеланд

Некои луѓе, дури ако ги цениш, засекогаш остануваат морничави сведоци на минатото.
Ајрис Мардок

Некои од најважните сцени во нашите животи се оние на кои не сме сведоци.
Нанси Удруф

Неморалноста на срцето сведочи исто како ограниченоста на умот.
Бенџамин Констант

Ние преживеаните не сме вистинските сведоци. Вистинските сведоци, поседувачи на неискажаната вистина, се удавените, мртвите, исчезнатите.
Рута Сепетис

Никогаш, никогаш не повикувајте сведок ако не знаете за што ќе разговараме.
Сидни Шелдон

Ниту сведокот, ниту обвинителот  не се така страшни, како совеста која живее во срцето на секој човек.
Полибиј

Оваа жена го направи не љубовник, туку некаков чувствителен сведок на својот живот.
Ги де Мопасан

Она што денес го нарекуваме уметност носи во себе сведоштво за неизлечива празнина.
Жан Бодријар

Она што го правиме сведочи за тоа кои сме. Луѓето можат да чувствуваат грижа и можат да почувствуваат небрежност.
Џони Ајв

Опасноста од судска истрага ги брка сведоците исто толку ефективно, колку и артилериски оган.
Овен Колфер

Отсуството на доказ сè уште не е доказ за отсуство.
Насим Талеб

Пишувам за да сведочам за животот.
Херта Милер

Повеќето разговори се едноставно монолози во присуство на сведоци.
Маргарет Милер

Подготвени сме да им простиме на сведоците на нашата подлост, но не и на сведоците на нашето понижување.
Ајрис Мардок

Понекогаш ми се чини дека предметите се живи сведоци на историјата.
Џил Сантополо

Поради етички причини имињата на обвинетите беа заменети со имињата на сведоците.
Никита Богословски

Пред сè, како што многупати ќе биде јасно во деловите подолу, фундаментално за нашата дискусија е истражувањето на идејата за сведоштвото на нечие убедување како психолошка точка на потекло на методолошката етика.
Макс Вебер

Преку нашите очи Вселената се восприма себеси. Преку нашите уши Вселената ги слуша своите хармонии. Ние сме сведоци преку кои Вселената ја осознава својата слава, својата величественост.
Алан Вотс

Присуството на тревога сведочи за одржливост.
Роло Меј

Работата е што според мене, како писател, не мислам дека има пофино сведоштво за нашиот живот од она нешто што се отфрла-емоционалната интелигенција, етика, убавина. Сè е таму. Сè е толку целосно содржано во еден роман што успева. Но, во исто време.
Џошуа Ферис

Раскажувањето со сведоци е многу попријатно.
Лорејн Хит

Садењето дрвја е секогаш утописки потфат, ми се чини залог за иднината за кој садачот не мора да очекува да стане сведок.
Мајкл Полан

Сакам да станам сведок на моите стравови.
Габриел Бернштајн

Самиот Бог има потреба од сведок.
Морис Бланшо

Самозалажувањето е постојан проблем додека напредуваме по духовниот пат. Егото секогаш се обидува да постигне духовност. Тоа е повеќе како да сакаш да станеш сведок на сопствениот погреб.
Чогјам Трунгпа

Самоубиството е свето право на слободниот човек, тоа е последното сведоштво за неговата слобода.
Славомир Мрожек

Сведокот не сака да ви каже сè, така што одговорите можат да се добијат само со поставување на вистински прашања.
Ричард Фајнман

Сведоци сме на „крајот на прогресивната епоха“, кога доминираше западната идеологија, и влегуваме во епоха во која многу и различни цивилизации ќе дејствуваат заемно, ќе се натпреваруваат, коегзистираат и ќе се прилагодуваат.
Семјуел Хантингтон

Сведоците од Новиот Завет биле сосема свесни за потеклото на воскресението.
Џош Мекдауел

Свеќата не свети за да даде светлина, туку да сведочи за ноќта.
Роберт Блај

Сепак, бев сведок на гибел. Беше околу мене. Но, по тоа време си мислев дека лошата среќа на други луѓе потврдува дека се справувам добро.
Рејчел Кушнер

Секое родено бебе е сведоштво дека Бог не е сосем разочаран од човештвото.
Одри Хепберн

Секој избор што го правиме е доказ за нашата автономија, за нашето чувство за самоопределување.
Бери Шварц

Секојдневната смелост има малку сведоци. Но, твоето не е ништо помалку благородно затоа што никој тапан не чука наместо тебе и толпите не го викаат твоето име.
Роберт Луис Стивенсон

Силните луѓе не сакаат да бидат сведоци на своите слабости.
Маргарет Мичел

Сиот растеж е однатре. Тоа е очигледно во целата природа. Секое растение, секое животно, секој човек е живо сведоштво за овој голем закон и грешката на вековите е во барањето сила или власт однадвор.
Чарлс Ф. Ханел

Смртта е просто продолжение на животот. И ако станете сведоци на смртта, преминот кон нова димензија, разбирате колку е неопходно да се ограничите кога живеете.
Чеви Стивенс

Совест-тоа е нашиот внатрешен судија, непогрешливо сведочејќи доколку нашите постапки го заслужуваат почитувањето или осудата на нашите блиски.
Пол Холбах

Сопственото сознание за својата исправност е поважно за човекот, отколку двајца сведоци за неговата невиност.
Теодор Хипел

Според сведоштвата и искуствата на благочестивите луѓе, најголемо искушение е да немаш никакви искушенија.
Мартин Лутер Кинг

Способноста да правите разумни отстапки е доказ за здрав разум.
Џејн Остин

Страсната желба да се создаде нешто само по себе сведочи за присуство на талент.
Дајан Сетерфилд

Сум видел навистина храбри луѓе, и тоа доста. И ќе кажам од искуство дека навистина храбар човек е оној што се однесува со еднаква доблест како јавно, така и без сведоци.
Борис Акунин

Тензијата е доказ за неувереност, но и достапноста на шанса.
Јохан Хуизинга

Тоа е огромно сведоштво за поврзаноста на животот на земјата, дека судбините на најголемиот и најмалиот живот треба да бидат толку тесно зависни еден од друг.
Стивен Џонсон

Тој беше последниот сведок на светот кој исчезнуваше и никогаш повеќе немаше да биде виден.
Марио Ескобар

Тој се стремеше да им угоди како на сведоци, така и на осомничени, бидејќи луѓето, дури и убијците се склони да се отвораат кон оние што изгледаат како нивни пријатели.
Мери Бартон

Уметноста сведочи за нечовечкото во човекот.
Ален Бадиу

Целото социјално пространство е исполнето со политички значења и програми, самите камења и карпи се еден вид сведоштво за продолжувачките борби за ослободување и правда.
Марк Кингвел

Човештвото штотуку достигна точка во својата историја која не само што е критична, туку е и полна со надеж. По трагичните преживувања што ги претрпе човештвото ширум светот во изминатиот век, ние сме сведоци на раѓање, за прв пат во историјата, на универзална култура на мирот.
Емил Константинеску

Ќе умрете пред десетици сведоци и никој од нив нема да направи ништо за да ви помогне или да ви се одмазди. Затоа што тие го знаат точно она што го знаете и вие: Светот завршува.
Чарли Хјустон

Што е богохулење ако нема ниту еден верник кој може да стане негов сведок?
Жан-Кристоф Гранже

Што е тоа Вселена? Тоа е голем театар. А на театарот му е нужна публика. Ние сме публиката. Животот на Земјата е создаден за да биде сведок и да ужива во спектаклот. Ете затоа сме тука. Ако вам не ви се допаѓа пиесата-повлечете ја линијата!
Реј Бредбери