4. Престројување-прекројување на светот
Почнат е долг процес на ново престројување и прекројување на светот, со неизбежна трета светска хибридна војна(?):
-будење на народи на своја земја од искони (и малцинства со еднакви права и можности)-држави во етнички граници, со едновремено разнебитување на нациите (неоколонијалистичка измислица) и сестран развој на граѓански општества;
-одбрана, афирмација, надградба и коегзистенција на индивидуалните и колективните идентитети;
-минато со сегашност во иднина, потврдено со автентични документи и осознаени артефакти, постојано богатено со нови вредности;
-живот човечен, личен и во заедница, во свет меѓу минливости и трајности, со различности во единство.