Потребно време за читање: < 1 минута

3. Уставна будалаштина: „делови од народи“

1. „Делови од народи“ не е еуфемизам за малцинства.
Затоа што нема делови од народи, туку од нации.

Пример:

Се бара впишување на Бугарите во северномакедонскиот Устав, според барањето на Бугарија на „македонските Бугари“. А што е со другите „делови од бугарскиот народ“ во Бугарија?! Не постојат во Македонија?

2. „Дел од народ“ е секој припадник на народ кој живее каде било во светот.
Значи, таквата припадност нема никаква врска со постојното живеалиште или државјанството;

3. Во една држава народ и малцинства формираат нација.
Вештачки-наметливо, односно принудно-окупаторско-асимилаторски.

4. Во држава на народ и малцинства малцинствата се припадници на соседски народи или нации.
Неретко услов за впишување во Уставот е процентуален минимум на малцинство или нација.
Доколку не постои некаков услов, кој нема и не може да има никаква врска со државјанство, Уставот на државата би требало да биде „отворена книга“-во него постојано да се впишуваат новодоселени „делови од народи“ (без оглед на нивниот број).

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 14

Последен актуелен пример:
Во многу држави во светот и во Македонија се привремено или (можеби) постојано доселени Украинци, а по избувнувањето на војната во Украина. Зошто и тие да не се впишат како „дел од украинскиот народ“?

Напомена:
При промислување за уставната будалаштина „делови од народи“ во северномакедонскиот Устав, да се има предвид дека Уставот е суштествен, највисок правен акт на една држава.