СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 316-320

Потребно време за читање: < 1 минута

316. Штедра земја

Штедра е земјиќкава
што е од искони моја.

317. Клокот

Слушам сè посилен клокот
 на оган, земја и извор буден.

318. Трага

Трага исконска, загадочна
на крстопат пред беспатје.

319. Расфрлан живот

Не можам да вникнам во живот
расфрлуван на сите страни.

320. Спружена рака

Кон мене спружена рака
не ми докажува што сака.