256. Збори молчејќи
Тој гледа околу себе
луѓе со наведени глави.
257. На врв до небо
Се искачило на врв до небо
чисто, невино и спокојно срце.
258. Во тело
Во ова голо тело пред мои очи
гледам огнена и крвава рана.
259. Немаме
Веќе немаме јас и ти време
за наша нова жизнена љубов.
260. Скаменета порака
Некој незнаен предок оставил
скаменета порака за одгатнување.