ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози, 50

Потребно време за читање: 5 минути

50. Урнисуањето и стратешкио партнер

Здраво-живо народецу мој,

Шо беше ова, бре луѓе?! Шо је ова, бре луѓе?! Шо ќе биди ова, бре луѓе?! Па вакво урнисуање на сè шо се напрајло досега ја не памтам, а гарантирам дека не памтите ни вие! Вакво урнисуање нит` је прибележано, нит` се памти од веки веков!

Еј, урнисаа сè шо се напрајло од дамнина до денес сосе денес. Ко да им је наредено трага да не остаат од нас шо си живејвме по нашински и шо си живејме ко шо сме си, наши на ова наше парче земјичка. Саде да узнаам кај ли ги најдоа овакви и олкај изроди. Како кој ли ги најде?! Па се знај кој-стратешкио партнер! Кој можи друг? Ај шо ги најде, туку и ги глави во власт, да страховладеат со нас. Демек да нè страшат, жив уплав да имаме од ними, а да си ќутиме ем да се прајме ко наудрени. Вашио дедо Громче издума заошто ги најдоа баш олкај урнисуачи: за сè не да биди нито по, нито ко нивно, ами да биди нивно и после сè да си прај и да си напрај за свое. Ете то је ем стратегија ем геостратегија. Ова второво го знајте шо значи, нели? Значи географска стратегија, а је исто ко шо реков: ова наше парче благородна ем благодатна земјичка да биди нито по, нито ко геостратешко, ами да си го прај и да си го напрај за свое.  Вашио дедо Громче он-стратешкио ем геостратешкио партнер не можи да го замајува, а уште помалце да го залажуа.

Е да, ама урнисуачиве? Шо прајме со ними, мои граѓани ем селани? До кога ќе ги остајме главени на власт за да урнисуаат уште шо останало од сè живо наше и сè спитомено од нас? Зар дури не ни урнисаат баш сè и не ни збришат баш сè шо је трага од нас остаена, шо ја остааме и сме на ум уште понекоја да остајме? Заошто им го дозволуаме то?!

Го гледав и го гледам урнисуањево на овакви и олкај изроди, се думав долго и длабоко, и еве шо доумив досега: оти клучо ни је во стратешкио партнер! Он ги најде и ги глави на власт ко шо праел досега и прај сега сегде низ свето. Заошто? Поради зато шо сака да владеј со целио свет, а не само со грото од него. Поради зато шо прај и граби сегде саде за себе, а урнисуа сегде кај шо можи да граби, да освои, да напрај да биди негоо и од негоа волја ем расположење да зависи. Ќе речите оти ај то и не је нешто ново. Од дамнина им је. А шо је ново ко сме ние и земјичкава наша во прашање ем под прашање? Ја ќе ви доречам: ново је урнисуањево на изродиштава крадејќум под нивна команда! Знам оти сега некој меѓу вас ќе подречи али ќе одречи: како бе, дедо Громче, ко баш он го крена гласо против веќе неподнесуањето на главното на апашиштава на власт-корупцијата? А ја прашуам со чудење: го крена?! И одгоарам: а бе ај!

Ја гледам, а веруам гледаш и ти, народецу мој, оти урнисуањето на изродиве на власт је ептен при крајо. Баш зато сега ја вака жестоко им се навртив. А мислам е време да престаниме да се прашуаме заошто то им го дозволивме. Веќе је залудо да се прашуаме. Време је да се прашаме ко шо совреме се праша еден наш голем чоек: шчо требит да прајме за однапред. И веднаш да си одговориме: требит час поскоро, ма одма да прајме сè! Шчо? Зар има некој шо не знај шчо? Па ја ко дедо Громче досега сум ви кажал стопати, ма илјадапати. Сега не ви велам да ме послушате, ами да се послушате: час поскоро да ги отераме не во мајчината им, ами во темни црни зандани изродиве и апашиштава на власт, да им одезмиме сè народно шо испокрадоа, та да си избериме асолни луѓе кои, памтите шо ви велам, нема да почнуаат одново, урнисаново да го повраќаат ко шо било, од арно поарно, ами ќе почнат да праат ново сè, од најмало до најголемо. То је клучо за отклучуање на вратата на напред, во слободен, демократски, развиен, правичен ем праведен и убав свет! Нема друг клуч, така да си знајте! Та да си живејме спокојно и переспективно и во богаство и во сиромашија….Туку, шо ми беше зборо…А да, за урнисуањето и новото.

Да ви кажам прао, луѓе мои, ја веруам дека ко шо секоаш имало и сега има кај нас асолни луѓе за запирање на урнисуање, односно запирање на негојо крај, па чистење и бришење на валкано, па најсетне почнуање ново. Шо се вели по азбучнио ред, од А до Ш. Од сето то мене ми је најважно новото. На шо мислам конкретно кога ми је најважно? Ако одам по редо, најпрвин мислам на стратешкио партнер, а после на новио ред и поредок во државичкава ни.

Во однос на односнио стратешки партнер, асолнио, сосе асолните на чело на државичкава, на народо и малцинствата, негојо главен претставник, шо је обично амбасадоро, ќе го есапи ко стратешки ем геостратешки сè дури не почни да се меша и кај шо треба и кај шо не треба. При то, мора јали од него самио ја и од асолнио сосе асолните ептен конкретно да му је одредено колку, како, до кога и до каде можи да се меша. Па доколку ја премини границата на мешањето, се знај шо му следи: то стручно-експертски се нарекуа персона нон грата. Или во превод по нашински: прибидејќи претера од многу до премногу, мислиш оти си губернатор (али губернаторка ако је женцко), си ни дошол (али си ни дошла) преку глаа, па ај сиктер; веќе не си пожелен (али не си пожелна) ко таков (односно го таква). Така ами како! А не да се дозволуа баш ко стратешки партнер да прај како си сака и шо си сака! На пример да нè замајува со божем борба против корумпирана власт, а ваму ја поддржуа и се замешуа во неа за лично ќаруање.

Кога ми је зборо за новио ред и поредок во државичкава ни, според мое лично длабоко и плитко мислење то је поважно од сè друго. Ако не знајте, да ви кажи дедо Громче за новото ко такво: нигде, во ништо и никогаш нема, ниту можи да има апсолутно ново. Во секое ново сакал некој али не сакал мора да има од старото. Не мислам на измислуањето топла вода, ами на сè шо се наречува стручно експертски иновација. Прашајте кого било од таквите, иноваторите и гарант ќе ви го одгоори истово од мене. Па така, редо и поредоко се прво ред и поредок со сите нишани, а после во него има ново со шо е надграден формално-содржински. Да ви го примеросам ова? Еве на пример: во правио ред и поредок, значи со сите нишани, нема да најдиш ниеден шо прима плата за да клати врата од една, а од друга страна со прсти од една рака се бројат административците прибидејќи нема потреба од ними. На нивно место автоматски си работаат компјутери, роботи али најновото шо је сè уште во зародишо во развиенио свет-вештачка интелигенција.

Многу ви знај дедо Громче, а? Па нормално. Од дедо ко ја никој не можи да знај појќе.

Ја ко же камам кажано је!