СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 156-160

Потребно време за читање: < 1 минута

156. Нешто

Танцува  бубалка
на сончев цвет.

 

157. Зачекорување

Чекор во мрак
без знајна цел.

 

158. За луѓе

Се разгорел оган
за луѓе радосни.

 

159. Некогаш

Ме има сегде со луѓе кои
од раѓање живеат со луѓе.

 

160. Секогаш

Река чиј извор секнал дамна
истекува пустошно во пустота.

Leave the first comment