СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

141. Заедно

Јас, молк, знаци и звуци
од утро до мрак во зловреме.

 

142. Незнајни

Никој никого не познава,
а живот долг споделуваат.

 

143. Славење

Се слави славен создател
на еден негов со наш свет.

 

144. Се собрале тишини

Безброј тишини од време
минливо, но ненадминато.

 

145. Пред сон

Сè на виделина пред сон
недосонет дека ненадеен.

Leave the first comment