29. Мајтапо
Здраво-живо народецу мој,
Мојо пензионерски другар Трајко и мојта другарка, негојта Трајкојца ме повлекоа за јазик, просто ме предизвикаа да кажуам шо мислам, како мислам и колку мислам за мајтапо како таков, некаков и секаков. Непара зборам баш кога ме тера некој, ама прибидејќи ми се од неколкутемина другари и другарки шо ги имам на стариве години нема шанца да не им го напраам атеро, да ги ескивирам ко шо се вели модерно.
Ме констатира и ме прашуа Трајко:
-Дедо Громче наш, и ја и мојта Трајкојца сме забележале оти си баш добар мајтапчија, баш по мера шо би се рекло. Добро, очигледно је оти појќе те бидуа за сатарикуање, ама се мајтапиш богами…онака…еднипати ко да бодеш со шило, а другпат ко со осило.
Му одгоарам на Трајкота:
-Не бе, Трајко мој, не сум ја баш добар мајтапчија. Да ти кажам прао, и ја мислам дека многу појќе ме бидуа за сатарикуање. Гледам, ме влечеш за јазик, па ај да ви кажам нешто.
Ми се уфрлуа во зборо Трајкојца:
-Дедо Громче, ја ќе се додадам на Трајко мој и ќе ти речам дека стварно ми е голем ќеф ко те слушам како се мајтапиш. А бе некоаш ме дотеруаш до пукање од смеа, та одвај издржуам да не пукнам ко надуен балон. А да ти кажам за твоето сатарикуање, мене то баш баш не ме бендисуа. За разлика од Трајкота мој, ја мислам дека бодењето еднипати ко со шило, другпат ко со осило појќе ти лежи коа сатарикуаш. Мајтапо ти оди ко подмачкан појќе за смејање, па и за смејање до плачење.
Ја сечам Трајкојца во зборо:
-Знаеш шо Трајкојце? И тебе ќе ти речам ко на Трајко оти не сум ја баш добар мајтапчија. Не ти текнуа заошто, нели? Поради зато шо мајтапо не ми оди исто при мајтапење на различно нешто и на различни некои. Исто поради зато шо ми е посебно мислењето за него.
Им го реков то, ги предупредив оти треба да ме слушаат тотално концентрирани и да не им текни да ме влечат за јазик али да ми упаѓаат во зборо. Па после да не ми текнуа шо сум кажал и шо сакам уште да докажуам. Тие кимнаа со глајте во знак на прифаќање и одобруање и ја почнав:
-Прво и прво, мајтапо ко таков не можи да биди тотално слободен, неконтролиран, а второ и второ не мојш да се мајтапиш со секого исто и со секого без мера. Едно поради зато шо некој можи да се налути, па да врати мило за драго, а друго поради зато шо мајтапчијата секоаш треба да знај кога да закочи, кога да престане, па и да се извини ако мајтапо не биди примен добронамерно али предизвика други да го продолжат, да го рашират дотаму шо никоаш да нема да се заборај. Да де, и то е многу важно за мајтапо: да не трај долго али бескрајно и да биди погодено. Еве за да не ме разберите погрешно: не мојш да се мајтапиш со власт исто ко со оној шо не е власт прибидејќи не ја сака, ич не ја мириса власта. Али да не се мајтапиш со лажго и лигуш исто ко шо се мајтапиш со наивен, невин и благодушен. Мене лично, ко на дедо Громче, ми е некако најлесно и најубо да се мајтапам со самио себеси. Кога сум сам со себеси некоаш си се мајтапам и без мера и без време.
Трајкојца не издржуа, во момент губи концентрација, не се придржуа на договоро да не ме влечи за јазик али да не ми упаѓа во зборо, па ми удри критика со барање:
-Дедо Громче, ај доста со теоретизирање. Дај нешто конкретно. Илустрирај ни се.
Ја погледнав Трајкојца напоречи, со продорен поглед ко да продирам во неа, се стаив во мислење едно две-три минути, па решив да бидам кус, да бидам конкретен во само два-три збора:
-Трајкојце, ме предизвикуаш и знам на шо ми алудираш…Шо сакам уште да докажуам?…А, да, ми текна…Дниве за мајтапење сама ми се мести нашава власт. Едвај се воздржуам да не претерам со мајтапење во секое време, на секое место, без мера, тотално слободен, неконтролиран. Знам оти ми се лути и ќе проба да ми врати мило за драго, ама шо можам кога не можам да закочам, да престанам. А баш ми е гајле шо гарант предизвикуа други да ми го продолжат и да го рашират. На пример ти Трајкојце и ти Трајко. Исто не ми е гајле ни оти ќе трај долго али бескрајно шо да не биди за никоаш забораање. А сè си мислам оти и не е некој мајтап, ами ситуација која душа дава за сатарикуање. Да де, мислам на бизнисите на власта топтан со нивни ближни, пријателки и пријатели. Мислам на сета власт, на сите во неа, оти сигурен сум дека во неа нема никој без бизнис али бизниси со такви. На пример премиеро со жената му, топтан со кумо, брачедо и уште којзнае кој друг за власт бизнисменска. Али кој годе министер со негоа швалерка која во јавност се прикажуа ко негоа службена придружничка.
Во врска со првио пример, на премиеро, ја ви гарантирам оти жената му не му је сопруга, особено не животна сопатеничка. Можи евентаулно швалерка али љубовџика, а можи и службена придружничка. Прај збунка то шо премиеро знај, ама се прај ко да не знај оти таа има црн фонд, и то толку голем шо можи да го вложи во голем бизнис без негоа властодржачка припомош. Ама не припомош за неа, нејзе то не ѝ треба, ами за топтан со кумо, брачедо и уште којзнае кој друг. Добро, то не је толку важно ко шо је важно признавањето на премиеро оти знај за црнио фонд, ама не ѝ се меша во него оти е нејзин, значи не ѝ е топтан црн. Ја очекуам тој во нареднио период да се изјасни јавно за следново: да не се тој и жената му всушност предбрачни другари. Не ко швалери, ами со предбрачен договор шо ќе трај дури ѝ тргни бизнисо, дур` тој не почни да се оплодуа. Па после од негојо мандат ќе зависи дали ќе станат брачни сопатеници али ќе раскинат. Којзнај, можи после таа да стани премиерка, а тој да стани шо бил пред да го клаат за премиер-обичен бизнисмен.
Можам уште да се мајтапам со премиерскио предбрачен али брачен црн фонд на предбрачната али швалерката на премиеро, ама ај другпат.
И вие да не забораате ко шо не забораат сите со мене:
Шо ќе кажи дедо Громче, кажано је!