ДОСТОЈАНИЕ НА ИЗВИШЕН ТВОРЕЦ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

26. Се гласи

По некое време минато
се гласи тој од спокој
по немир што премали
негов прв нов чекор
кон предел од луѓе
неосвоив.

Се гласи исто како
кога се гласи пој
на птици небесни
и земни.

Иако знае дека нема
никој да го слушне
сè додека се бранува
ноќ во ден пред мугра
да заруди.

Leave the first comment