116. Јазик-Говор
Јазикот и говорот се меѓузависни: исто е како да немаш јазик ако не говориш, ако молчиш и кога молкот говори и немоста ти го надвладеала говорот; исто е како да имаш јазик за сè друго само не за говорење и ако имаш јазик за или против нечие говорење; исто е да имаш јазик и да говориш и да говориш со никому знаен јазик.
Јазикот е суштина на човечкото идентитетско постоење. Без него тој е без свој најдлабок, најсилен и најцврст корен. Јазикот е негово препознавање.
Говорот воопшто, имајќи го предвид и правоговорот, не е празен, а најмалку, пак, бесмислен дури и кога човек говори сам со себе. Попрво од сè е сопственото говорење пред друг и пред други, но и умеењето да се слуша сечие пријателско говорење. Дури и кога се инсистира само на слушање, не на пример со од-говорење. Се разбира, непријателското говорење само по себе не е за слушање; се одбива, не се поднесува.
Јазикот и говорот најпрвин се во одбрана на слободата, слободоумноста, воопшто на човечката и на цивилизациската опстојба.
Македонски народни пословици и изреки
Брз е на јазик.
Го валка јазикот
Го влече јазикот.
Го пуштил јазикот пред умот.
Јазикот му е побрз од умот.
Зборува што ќе му дојде на јазик.
Има дебел јазик.
Тврд е на јазик.
Има остар јазик.
Има поган јазик.
Јазикот е без коски.
Јазикот му е расцепен.
Мачка му го изела јазикот.
Му се исуши јазикот.
Му се испушти од јазик.
Му се плетка јазикот.
На врв на јазик му е.
Нема влакна на јазикот.
Не му е кус јазикот.
Од јазикот си пати.
Под јазик ќе го скрие.
Се испоти под јазикот.
Си го чеша јазикот.
Скуси го јазикот.
Ќе му го скине јазикот.
Уста има-јазик нема.
Да му се исуши јазикот.
Гризни си го јазикот.
Колку јазици владееш, толку луѓе вредиш.
Се гризна за јазик.
Јазикот му се врза.
Зборува како празна воденица.
Ти зборувам ќерко, сети се снао.
Зборува на ѕид.
Јазикот коски нема, а коски крши.
Во јазико мед носи пчелата, а на газо отруачка.
Зборливио чоек ет писмо без муур.
Зборои треба да арџиш кога сакаш нешто да продаиш.
Зборуав, зборуав устата ме доболе и пак не ме разбра.
Зборуат, ама и тој сам не знаит што зборуат.
Зборуат како празна воденица.
Зборуј коа те прашаат, не молчи како ќос на јајца.
Зборуј му ти на шут чоек: со едното уо слуша, со другото пушта.
Зборуј си ако немаш друга работа, сам си зборуаш, сам си слушаш.
Јазик праит добро, јазик праит лошо.
Молчи, не збори лошо да не си поткасаш јазикот.
Посладок и погорчлив од јазик чоечки немат друго.
Прекасај си јазикот, лошото не речи го.
Јазико да му греши, да прао да кажи.
Лели му се здебели јазико, нема брго да стани.
Пословици и изреки од народи на светот
Јазикот е како лав: ако го држиш-те штити; ако го пуштиш-те растргнува. (Арапска)
Кому му се доказите кратки, јазикот му е долг. (Арапска)
Кој го говори она што го сака, мора да го слуша она што не го сака. (Арапска)
Мечот има две острици, а јазикот стотици. (Виетнамска)
Јазикот е без нозе, но јури илјадници милји. (Корејска)
Подобро е да се лизнеш со нога одошто со јазик. (Српска)
Не може на гласот да му се спречи патот. (Српска)
Добриот говор е налик на уметник кој обработува жад не повлекувајќи ни еден одвишен потег. (Кинеска)
Кој многу говори, или многу знае или многу лаже. (Романска)
Ушите се поопасни од јазикот. (Германска)
Главата се познава според јазикот. (Германска)
Паметниот ги крие своите добродетелства во срцето, а будалиот ги држи на јазикот. (Монголска)
Од јазикот капат и мед и отров. (Киргиска)
Што слегува од јазикот, треба да биде почисто од забите. (Етиопска)
Во кого јазикот е брз, во него умот е спор. (Етиопска)
Збор кој паднал од јазик личи на јајце што паднало на под. (Етиопска)
Учи го своето дете да го држи јазикот за заби, а да говори-тоа брзо ќе го научи и само. (Англиска)
Кој сака да ги сокрие своите пари, не смее да ѝ ги стави на жената под јазик. (Данска)
Со јазикот може сиот свет да се изора, но со раце е тешко да се бориш и со грутка земја. (Мадагаскарска)
Мек јазик останува, тврди заби испаѓаат. (Кинеска)
Може да се излечиш со еден удар на меч, но не и со еден удар на јазик. (Кинеска)
Побрз е еден јазик одошто две нозе. (Кинеска)
Латински изреки
Затвори уста, отвори очи! (Claude os, aperi oculos!)
Природата на сите ни дала еден јазик и две уши за да нè опоменува помалку да говориме, а повеќе да слушаме.
Кај што многу се говори, тука ќе има понешто и мудрост.
Правата мудрост е во долгото слушање и краткото говорење.
Ласкавиот говор има свој отров.
Стави си јаже за бесење на јазикот, додека тој тебе не ти ставил.
Домисла, гесло, мисла водилка
Јазикот е мал, а голема штета може да стори. Никој од луѓето не може да го спитоми, зашто е немирно зло полно со каснувања смртоносни. Од иста уста излегува и благослов и клетва…Е дали може од еден извор да се точи и слатко и горчливо? Може ли, браќо моја, смоква да раѓа маслинки или винова лоза смокви? Така ниеден извор не дава солена и слатка вода.
Библија
Додека друг говори не му влегувај во зборот-така сите ќе мислат дека си мудар.
Фацетус, збирка сентенции
Пред употреба на јазикот добро промисли.
Анонимус
Рек ле, издумале
Ако можете без гестови и гримаси да направите јазел, тогаш сте мајстор на својот јазик.
Хилер Белок
Сметај дека прва добродетел на човекот е да го обузда јазикот.
Марко Порциј Катон
Магијата на јазикот е најопасна од сите магии.
Едуард Булвер-Литон
Сè може да се прави со јазикот-дури и да се молчи.
Херберт Хекман
Говорот треба да биде како женско здолниште; доволно долг за да ја покрие темата, а доволно краток за да биде интересен.
Теодор Рузвелт
Секоја индивидуална и народна дегенерација е во непрестана пропорција со дегенерацијата на јазикот.
Жозеф де Местр
Јазикот на вистината е едноставен.
Луциј Анеј Сенека
Добро е да се знае вистинското време на говорот и молчењето.
Луциј Анеј Сенека
Јазикот на мудрецот е во срцето; срцето на глупавиот е на јазикот.
Николај Шелгунов
Кога човек говори со суверен, мора да има на ум три нешта: да не говори пред да биде прашан, зашто е тоа наметливост; ако не одговори кога е прашан, тоа е недостиг на отвореност, а ако говори не забележувајќи го сувереновото расположение, ќе се смета за слепило.
Конфучиј
Најнапред запознај го говорникот, па потоа проценувај го неговиот говор.
Конфучиј
Кога човек многу говори, секогаш кажува понешто што не требало да го каже.
Конфучиј
Природата ни дала по две очи и по две уши а само еден јазик, за да можеме повеќе да гледаме и слушаме а помалку да говориме, зашто никогаш не може да се кажат толку мудрости колку што може да се премолчат глупости.
Конфучиј
Говорникот треба да има на ум три нешта: што говори, кому и како говори.
Цицерон
Вистинска неволја е кога човек нема доволно дух за да говори добро, ни доволно памет за да молчи.
Жан д Ла Бриер
Ретко се каеме кога говориме малку, а мошне често кога говориме отповеќе. За тоа сме сите свесни, но тое не го практикуваме.
Жан д Ла Бриер
Не е доволно само да се говори, туку треба да се говори вистинито.
Вилјем Шекспир
Кој повеќе мисли, има помалку време да говори.
Лук д Клапиер Вовенарж
Оние што умеат да говорат, говорат кратко.
Фјодор Михајлович Достоевски
Говорникот мора да биде одличен; во спротивно предизвикува здодевност или потсмев.
Џон Селден
Би требало да се пропише здодевните говорници да стојат на една нога.
Герхард Бранстерн
Одлика на добар говорник е да престане кога го слушаме најрадо.
Мартин Лутер
Престани да говориш оној час кога ќе забележиш дека самиот се возбудуваш или дека тоа го прави оној кому му говориш.
Лав Толстој
Дај му повеќе одмор на јазикот одошто на рацете.
Лав Толстој
Говори само за она што ти е јасно, инаку молчи.
Лав Толстој
Седум пати преврти го јазикот пред да почнеш да говориш.
Лав Толстој
Кој владее со својот јазик, повеќе вреди од оној што освојува град.
Младен Соломун
Говори за да те видам.
Сократ
Успехот на големите говорници не лежи во тоа што го кажуваат, туку како тоа го кажуваат.
Лама Говинда
Кога илјада луѓе говорат исто, тогаш е тоа или Vox Dei или голема глупост.
Карол Иржиковски
Запомнете: од сите рани, неизлечиви се само оние што ги задаваат јазикот, погледот, потсмевот и презирањето.
Оноре де Балзак
Се разбира, зборовите се најмоќен лек што го користело човештвото.
Радјард Киплинг
На човек му требаат отприлика две години да научи да говори и отприлика педесет години да научи да молчи.
Ернест Хемингвеј
Говорам шпански со Бога, италијански со жени, француски со мажи и германски со мојот коњ.
Карло V
Човекот кога ќе се роди се раѓа со секира во устата. Така оној чиј говор не е одмерен се сече себеси со таа секира.
Гаутама Буда
Сите очи говорат со ист јазик.
Џорџ Херберт
Човекот има две уши и еден јазик за да може двапати повеќе да слуша одошто да зборува.
Епиктет
Зборовите на вистината се едноставни како и самата вистина.
Есхил
Јазикот е многу добра ствар, само ако не е женски.
Чарлс Дикенс
Чувај се од својот јазик, држи се до својот дом и плачи над својот грев.
Мухамед
Не е зло она што влегува во човековата уст, туку е зло она што од неа излегува.
Пауло Коелјо
Ако зборуваш со човек на јазик кој го разбира тој, тоа заминува во неговата глава. Ако зборуваш со човек на неговиот јазик, тоа заминува во неговото срце.
Нелсон Мандела
Полесно е да се разбере еден народ слушајќи ја неговата музика, одошто учејќи го неговиот јазик.
Џорџ Сантајана
На крајот сите сфаќаме дека луѓето не го говорат она што навистина го мислат, едноставно затоа што така животот им е поедноставен.
Џон Френсис Велч
Од сите изуми на масовната комуникација до денес сликите сè уште говорат јазик кој им е разбирлив на најголем број луѓе.
Волт Дизни
Подобро запознаваш човек кога ќе слушнеш што зборува за други, одошто кога ќе слушнеш што се зборува за него.
Одри Хепберн
Човекот го измислил јазикот за да ја задоволи својата длабока потреба да се жали.
Лили Томлин
Добрината е јазик што глуви можат да го слушнат и слепи да го видат.
Марк Твен
Поинаков јазик е поинаква визија на животот.
Федерико Фелини
Јазикот е единствен алат кој станува поостар со употреба.
Ирвинг Вашингтон
Постои светост во солзите. Тие не се знак на слабост, туку на сила. Говорат повеќе од десет илјади јазици. Тие се гласници на голема тага, длабоко каење и неискажлива љубов.
Ирвинг Вашингтон
Јазикот е мајка на мислата, а не нејзина слугинка.
Карл Краус
Јазикот на љубовта се наоѓа во очите.
Финеас Флечер
Јазикот на пријателството не се зборови, туку значења.
Хенри Дејвид Торо
Кога јазикот би бил креација на логиката, а не на поезијата, тогаш би имале само еден!
Фридрих Хебел
Кога сите луѓе би знаеле што говорат едни за други, на светот не би имало ни четворица пријатели.
Блез Паскал
Убавите зборови не чинат многу. А постигнуваат многу.
Блез Паскал
Кога жените би владееле со светските работи, би ги укинале сите оружја-освен јазикот.
Курт Тучолски
Кога гнев букти во срцето, треба да се внимава језикот да не влече залудно.
Сафо
Како можам да верувам во Бога кога баш минатата недела јазикот ми се заплетка во валјакот на машината за пушуивање?
Вуди Ален
Кој е паметен, тој во разговор помалку ќе мисли на она за што говори, а повеќе на оној со кого разговара. Ако прави така, може да биде уверен дека нема да каже ништо поради што подоцна би можел да се кае.
Артур Шопенхауер
Мислата и јазикот се орудие на уметникот. Пороците и добродетелствата се граѓа на уметникот.
Оскар Фингал Вајлд
Знај дека зборот исфрлен нагло од јазикот наликува на стреличка отпратена од лакот. Синко, таа стрела нема да се врати од патот; ти мораш да изградиш брана на буицата уште на изворот. О јазику, ти си неминливо богатство. О јазику, исто така си и неминлива болест.
Оскар Фингал Вајлд
Војна е она што се случува кога јазикот нема да успее.
Маргарет Атвуд
Сметам дека не можат да се создаваат ликови додека многу добро не се проучат луѓето, исто како што еден јазик може да се говори само ако сериозно се научи.
Александар Дима
Стрипот е јазик. Тој е јазик што повеќето луѓе го разбираат интуитивно.
Бил Грифит
Работата не е во тоа што говорите, туку како говорите.
Џек Лондон
Во тишината која ме опкружуваше, во бесконечната огромност на морето и небото меѓу кои се наоѓав се развија моите мисли неизмерно; па сепак, чувствувам недостиг на зборови за да ги изразам.
Шер Лојд
Учев многу јазици, проучував литератури и уметност, ги поминав своите најдобри години во библиотеки читајќи сè што би ми дошло в раце и почувствував дека го трошам времето. Но набрзо сфатив дека тоа беше најдоброто што сум го направил кога било!
Никола Тесла
Европо, Европо: Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и негова најголема духовна вредност. Во јазикот и во книгата е собран еден цел народ, еден цел дух. Ако ги изгубиме книгата и литературата, која е трезор на народното постоење, на јазикот и на културата, ние ќе исчезнеме како нација.
Анте Поповски
Би сакал животот да не е така краток. Јазиците заземаат многу време, како и сите работи што некој сака да ги знае.
Јохан Роналд Рејел Толкин
Ако говорам, ме проколнуваат, ако молчам проклет сум.
Виктор Иго
Ако е одземена слободата на говорот, тогаш глупави и тивки можеме да бидеме на чело како овци на колење.
Џорџ Вашингтон
Ако на народот му го говориме она што сака да го слушне, наместо она што мора да го слушне, тогаш нема да биде добро.
Барак Обама
Ако молчиш-молчи од љубов; ако говориш-говори од љубов; ако опоменуваш-опоменувај од љубов; ако простуваш-простувај од љубов.
Аврелиј Августин
Подобро е да се молчи и да се биде сметан за будала одошто да се проговори и да се отстрани секаков сомнеж.
Абрахам Линколн
Често жалев поради зборови што ги изговорив, поради молчење никогаш.
Публилиј Сириј
Говорот е огледало на душата; човекот кој говори исто така.
Публилиј Сириј
Говорот е распоред на белешки кои никогаш нема да бидат пак.
Френсис Скот Фицџелард
Говорот е сребро, а молчењето е злато.
Ксијао Хе
Да се говори добро не е доволно. Треба и да се чини.
Ксијао Хе
Послушајте Македонци!
Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски–ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.
Блаже Конески
Јазикот е жива сила со која е врзана не само културата, туку и самопостоењето на еден народ.
Иво Андриќ
Дека молчењето е сила, а говорењето слабост, се гледа по тоа што старците и децата сакаат да зборуваат.
Иво Андриќ
Говорејќи ништо…понекогаш говори најмногу.
Емили Дикинсон
Говорењето на вистината е најголема авантура.
Фридрих Диренмат
Човек може да најде колку што сака пријатели со кој ќе разговара, но малкумина се оние со кои ќе молчи.
Момо Капор
Деструктивниот говор најчесто доведува до деструктивни последици.
Џон Маркс Темплтон
Досаден човек е оној што говори за себе кога ние би сакале да говори за нас.
Чарли Чаплин
Гласот не се зборови, гласот е ономатопеја на зборови. Прав говор не се слуша, тој се изрекува однатре.
Давид Албахари
Кога љубовта сака да говори, разумот мора да молчи.
Барух Спиноза
Лесно е да се говори кога има што да се каже, но е тешко да се има што да се каже кога треба да се говори.
Тадеуш Котарбински
Луѓето инсистираат на слобода на говорот како замена за слобода на мислите која одбиваат да ја користат.
Серен Кјеркегорд
Мудар човек не говори повеќе од она што е потребно.
Маргарет Мид
Најмногу имаат што да кажат оние што најмногу молчат.
Александар Солженицин
Не е интересно она што ви го кажуваат жените, интересно е она што го премолчуваат.
Рајнер Марија Рилке
Она за што не може да се говори, за тоа треба да се молчи.
Лудвиг Витгенштајн
Предноста на разговорот со самиот себе е во тоа што знаете дека барем некој Ве слуша.
Френклин Џонс
Доколку не веруваме во слободата на говорот на луѓе кои ги презираме, тогаш не веруваме воопшто во неа.
Ноам Чомски
Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нè оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме.
Петре М. Андреевски
Замислете која тишина би настанала кога луѓето би го говореле само она што го знаат.
Карел Чапек
Заслужува презир оној што едно говори, а друго крие во срцето.
Хомер
Знаењето говори, но мудроста слуша.
Џими Хендрикс