СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

26. Дрво без корен

На дрво без корен му велам дека
скоро ќе остане без срцевина.

 

27. Омразно

Меѓу луѓе безличен
живурка сам омразно.

 

28. Декика

Во скорашна декика ќе го нема
ко никогаш да не бил виден.

 

29. Реалии

Се менуваат и менувам реалии
кои никако да станат менливи.

 

30. Угоре

Конечно угоре по удолу
заедно и со снажни снаги.

 

 

Leave the first comment