ЕДНОСТИ II, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 156-160

Потребно време за читање: < 1 минута

156. Уште живо

Дише нечујно и невидливо.

 

157. Збогувајќи се

Стамено чекори по твојов пат.

 

158. Затревена

Трева слободна затревила црнозем.

 

159. Дивина

Во дивина дивее див ветар.

 

160. Слаботија

Слаботија застанал на свои нозе.