СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

6. Дива трева

Со голи раце корнам дива трева
дека не можам да ја спитомам.

 

7. Светол ден

Посакувам овој мој светол ден
да е пред почеток на нов спокој.

 

8. Ама

Сè уште не се догледува опстојот,
ама веќе ја согледувам сушноста.

 

9. Под камен

Нема ништо под камен
на сонце и ветромет.

 

10. Корени

Моите корени се меѓу
родна земја и ведро небо.

Leave the first comment