7. Суштинска содржина
Го прашувам:
-Која е суштината на содржината на вашиот заеднички живот?
Ме загледува зачудено:
-Зошто прашуваш кога знаеш?
Јас:
-Го знам одговорот, ама сакам да го слушнам од тебе.
Тој рамнодушно:
-Се разбира дека е личната и заедничката слобода, од една, а од друга страна колку е можно одбегнување на секидневните рутини кои го банализираат животот; го прават сив и непрепознатлив.
Јас:
-Претпоставувам исто и во самост.
Тој нагласено:
-Особено! За да не сме предолго во него.
Одмавна со десната рака како да вели „Батали!“ и се замеша во забрзаната толпа на улицата.