3. Љубов и страст
Taа и тој се во љубов многу време. Од последните детски, сите младешки години и сега во зрелото доба. Обајцата мислат дека им е откога се познаваат. Љубовници доволни заедно, без никој со нив, и кога беа самотни, далечни еден од друг. Како сега.
Поважно од тоа е не времето и траењето, туку силата, постојаноста и нескротливата страст со која меѓусебно ја докажуваа во нивното заедничко интимно време. Меѓусебната подаденост, испреплетеност на огнот во нивните тела.Секогаш жесток секс, до изнемоштеност.
Зошто во зрелото доба, пред да стапат во брак толку внимаваа таа да не забремени? Таа секогаш на крајот: „Остани во мене“, а тој: „Не! Може да те оплодам…Имаме време“. На крајот празнење надвор, во празно.
А ако веќе не се врати нивното време? А ако веќе немаат нивно? Ако до крајот на животот и паметењето останат самотни сопатници?