34. Стени
Се провирам низ стрмни,
остри и шилести стени
како светол зрак
низ темни пространства
на крваво невреме.
А не знам, а не мислам
што има зад нив,
ни до каде ќе стаса
мојот последен издив.
Само наслутувам дека
залудно се провирам
како светол зрак
зашто овие стрмни,
остри и шилести стени
се поставени,
се оставени
една врз друга до небо
по последен пораз
на нечија човештина
и човечко достојание.