Потребно време за читање: < 1 минута

23. Чествување
На Гоце Делчев

Јас пред тебе
во твое и наше време
обградено
со светлини и сенки.

Што е од тебе
за мене е и за сите
што живеат до смрт
за достојание свое
доблесно.

Со мисла вкоренета
и разгорена
до кај што се слуша
песна за слобода
на народ јуначен,
со зборови изречени,
недоречени,
со дело суштествено,
дело многузначно,
дело благотворно,
дело непобитно,
дело безмерно,
дело безвременско.

Јас пред тебе
дребнав, обессилен,
исправен, надежен,
непокорен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here