НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

8. Од памтивек

Земја камена и огнови во неа
од памтивек коски греат,
води бистри и небо над нив
од памтивек крв спокојат.

И земја пустелија
и огнови рожбени,
и води прозрачни
и небо безвременско
од памтивек ме живеат.

Од памтивек јас сум корен
на зборови непресушни.

Leave the first comment