5. Низ мрачнина судбинска
Сè подлабоко во мрачнина тонеме
јас и живот од дамнина вкоренет
во паметењето на цивилизацијата.
Со свеќи што речиси стопени
во свеста и неизвесноста
осветлуваме запустена врвица
меѓу две длабоки провалии.
Догледувајќи ѕвезди во далечина
на наш уште недосеглив хоризонт,
јас и живот надежно замислуваме
дека со последни сили стасуваме
во нова благодатна опстојба.