Потребно време за читање: < 1 минута

37. Замисли

Тие најпрвин заедно замислија
куќа под земја, на земја
и над земја,
со сите страни на светот
во безвреме безгранично.

Ја изѕидаа мигум, без здив
и долго ѝ се радуваа во игра.

Потоа заедно замислија
секакви дрвја, цвеќиња
и лечебни билки
со кои ја опфатија за да биде
само нивна слободна.

Ја опфатија како животворна
со огнена страст во огниште.

Тие имаат неколку замисли
во години што ќе им врват
несетно, спокојно и со траги
кои не ќе може никој
да ги открие за да ги достаса,
па да ги надмине
и да им ја одземе врвицата
до нивниот врв.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here