Потребно време за читање: 2 минути

11. 2. 27. Комуникологија-информатика
-средства за масовна комуникација

Комуникологијата е понова синтетичка наука што се занимава со комуницирањето. Ги применува сите пристапи и методи корисни за објаснување на реалните комуникациски процеси. Не ги опфаќа само масовните медиуми, туку и други подрачја на комуницирањето од интерес на поединецот, групата, организацијата или општеството во целина.

Оваа наука ги опфаќа општата (основните елементи на комуникациските процеси и законитости), интерперсоналната комуникологија (проблеми на комуницирањето во претпријатијата, заедници, интересовни организации, здруженија, заедници и сл), социјалната (комуницирање во различни фази на општеството и социо-политички уредувања), интеркултурното и интернационалното комуницирање (услови, форми и последици на комуницирањето помеѓу припадници на различни култури или припадници на различни општества-културно прилагодување, судир, можности на интеграција на културите, процесот на светската културна унификација, феноменот на комуницискиот империјализам и нов комуникациски поредок и сл.), потоа комуницирањето во воспитанието и образованието (примена на комуниколошки сознанија во ова подрачје) и комуницирањето во науката (проблемита на протокот на пораките помеѓу научниците и помеѓу научниците и јавноста).

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Во рамките на развојот на радиото на современата модерност посебен интерес предизвикува испитувањето на комуникациските системи, конкретно на масовните медиуми-печатот, радиото, телевизијата итн., новите информациски технологии (компјутери, Интернет, сателитска телевизија), испитувањето на структурата и дејствувањето на промотивните и пропагандните активности (маркетинг) и сл.

Комуникологијата е во најнепосредна корелација со информатиката-уште една понова синтетичка наука. Во контекстот на нашето интересирање и новинарската практика, оваа област ќе биде застапена и како информациско-документарна и како електронско-пресметувачка, што ја афирмира улогата на информацијата во најширока смисла, но истовремено и примената на компјутерската техника и технологија. Во тој контекст се афирмираат и светските и нашите сознанија во кибернетиката, лингвистиката, семиотиката, математичката теорија на информации, библиотекарството, како и други науки и дисциплини чии резултати ги користи токму информатиката. Всушност, комуникологијата, јавните медиуми односно медиологијата, новинарството и односите со јавноста се тн. комуникациски науки.

Особено е интересна медиологијата во чии рамки јавните медиуми се истражуваат не како технички средства, туку како хуманистички и општествени-од нивната естетика, правната регулатива за нив до економијата. Во најнепосредна врска со неа се односите со јавноста-гранка која сè повеќе внимание посветува на развојот на граѓанското општество.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here