Потребно време за читање: < 1 минута

123. За еден мој роман

На мнозина кои ме прашуваат кое од моите книжевни дела го изделувам како „посебно“ според нешо (што е тоа), им одговарам дека е тоа секогаш последното, она што го создавам и се надевам дека скоро ќе го завршам. Па потоа „детализирам“: од поетските е секако капиталното, грандиозното (значи најобемно и според структурата најсложено, едновремено најобемно во историјата на светската поезија)-„Создател во изгревот и залезот“, кое го создавав цели 50 години; а од прозните метафизичкиот роман „Сонцева крв за љубови и доблести“.

Оние што ревносно ги следеа објавите на одделните поглавја на романот „Сонцева крв за љубови и доблести“ на Интернет (на мојот книжевен сајт https://ljupco.panoptikum.mk/ и на социјалната мрежа Фејсбук) него го означија како необичен, мошне интересен и „тежок“. Некои од нив постојано нагласуваа дека „со нетрпение го очекуваат следното поглавје“, воочувајќи ги неговите специфики како метафизички роман. Постојано ме поттикнуваа да го „забрзам“ неговото пишување/создавање.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

За нешто друго ми е зборот во белешкава за овој мој роман: планот на испреплетувањето на времињата минато и сегашност како антиципација на иднината од една, и нивоата на „приказната“ од друга страна, наспроти егзактноста, фактографијата, документарноста, затврдената вистина. Јас во тоа ја гледам „големината“ односно суштината на неговата метафизичност.

Ќе бидам искрен: тој план и тие нивоа ми беа многу „потешки“ за „поставување“ отколку фактографската „поткрепа“. Што не значи дека „раскажувањето“ ми одеше лесно. Напротив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here