6. Врвлеста песна
Долго искачував
планина
до небо голема,
до соголен камен
стара,
до вековен молк
постојна.
Стасав на врвот
во облаци
и се видов себеси
молња меѓу нив
што несопирливо
им ја распорува
мрачнината.
Не бев премален,
имав уште снага
во срцето,
па запеав моја
врвлеста песна
што го воспева
вкоренувањето
и опстојувањето
на идентитетот.