ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

131. Раскрилена

Птица раскрилена
лета на моето небо.

 

132. Надојдена

Надојдена река по суша
преплави плодна земја.

 

133. Ѕирка

Пронајдов ѕирка во ѕид
со кој ме обѕидаа слепи.

 

134. Клети

Клети се населија од нигде
во мојов живот од дамнина.

 

135. Насилба

Насилба врз уште живи и мртви
обездомени во нивен роден дом.

Leave the first comment