Празникот Божик

Рожденството Христово Божик

Божик – празник на Христовото раѓање

Божик е празник во спомен на Исусовото раѓање во Витлеем, што се слави на 25-ти декември односно на 7-ми јануари (освен кај Ерменците кои го празнуваат на 6-ти јануари). Празникот на овој датум, доведен во врска со датумот на зимскиот солстициј, го востанови царот Аврелиј во 3-от век по Христа (Dies Natalis Solis Invicti – раѓањето на Непобедливото Сонце).

До 336-та година празникот станува христијански, бидејќи се поврзува со Христос, “Сонцето на праведноста”, и претставува почеток на литургиската година во Рим. Летописецот од 354-та година со овој датум го почнува својот попис на прославувањата на мачениците. Пред тоа, источната црква го прославувала раѓањето на 6-ти јануари, често заедно со прославата на Исусовото крштевање. Ерменската црква се уште го прославува на овој датум, како единствен празник, раѓањето и крштевањето на Исус.

Источното и западното христијанство и датумот на Божик

Разликите во датумот на прославувањето на Божик, но и на другите верски празници, доаѓаат од догматските несогласувања помеѓу црквите и различните системи на мерење на времето. Во раното христијанство не постоел единствен датум за празнување на Христовото раѓање. Источната црква првично го одбележувала на 6 јануари, често заедно со празникот Богојавление – крштевањето на Исус. Ерменската црква и денес ја задржала оваа практика, славејќи ги раѓањето и крштевањето како еден заеднички празник.

Во Ерусалим, во 5 век, раѓањето сè уште се празнувало на 6 јануари, но од тој период декемвриската прослава постепено била прифатена и на Исток. Со текот на времето, 25 декември станал доминантен датум во западното христијанство, а подоцна и во поголем дел од источните цркви.

Календарски системи и разлики во празнувањето

Разликите во датумите на празнување на Божик и другите христијански празници произлегуваат од различни календарски системи, како и од историски и догматски несогласувања меѓу црквите. Денес дел од православните цркви го користат Јулијанскиот календар, додека други го прифатиле Грегоријанскиот.

Прочитај и за ... >>  Бело Море - македонска народна песна (+видео)

Математичарите укажуваат дека, ако се продолжи примената и на Јулијанскиот и на Грегоријанскиот календар, дел од православците Божик во 2101-ва година наместо на 7-ми ќе го слават на 8-ми јануари, затоа што Јулијанскиот доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години. Кај Грегоријанскиот тоа се случува по 3.300 години. Примената на Грегоријанскиот календар во православните христијански цркви почна во првите децении на 20-от век, и тоа на инсистирање на вселенскиот патријарх Јоаким. Меѓутоа, дел од калуѓерите на Света Гора, Ерусалимската патријаршија, Руската, Српската и Македонската православна црква, и натаму го користат Јулијанскиот календар, за разлика од Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската, кои го имаат прифатено Грегоријанскиот.

Математичарите укажуваат дека Јулијанскиот календар заостанува зад соларната година за еден ден на секои 128 години. Доколку неговата примена продолжи, по 2101 година Божик кај дел од православните верници ќе се слави на 8 јануари.

Јулијанскиот календар – потекло и употреба

Што се однесува на Јулијанскиот календар, тој датира од 46-тата година пр.н.е., кога римскиот император Јулиј Цезар го ангажирал александрискиот астроном и математичар Сосиген да изработи нов, попрецизен. Тогаш во Рим се воведува календар базиран на египетскиот, со 365 дена поделени во 12 месеци, а наречен Јулијански според Јулиј Цезар. Во него секоја четврта година е престапна, а 366-от ден се додавал во февруари, кој бил последен месец во годината.

Со него почетокот на новата година, кој дотогаш бил во март, е префрлен на 1-ви јануари. Овој календар е прифатен во 325-та година од н.е., на првиот Вселенски собор на тогаш единствената Христијанска црква во Никеја, а на кој учествувал и претставник на градот Скупи, во тоа време голем регионален културен центар, врз чии ѕидини е изградено Скопје.

Грегоријанскиот календар и модерното празнување на Божик

Многу подоцна е утврдено дека според Јулијанскиот календар годината е подолга за 11 минути и 14 секунди од природната соларна година, со што на секои 128 години се создава разлика од 1 ден. Во 16-от век таа достигнала 10 дена, што предизвикало проблеми во одредувањето на Велигден, најголемиот христијански празник што секогаш се врзува за пролетната рамноденица и првата недела по првата полна Месечина. Тоа била причината во 1582-ра година папата Гргур 13-ти да изврши ревизија на Јулијанскиот календар.

Прочитај и за ... >>  За постот

Според новиот, Грегоријански календар, годините се бројат од раѓањето на Исус Христос. Со була на папата Гргур 13-ти, денот по 4-ти октомври не се сметал како 5-ти, туку како 15-ти октомври, и така е анулирана разликата од 10 дена. Надмината е и разликата со природната година, со тоа што секоја четврта година не е престапна, односно последните години од вековите што не се делливи со 400 без остаток. На пример, 1900-та за разлика од 2000-та не е престапна бидејќи не е деллива со 400.

bozik

Историски и културни аспекти на празникот

Претпоставките за датумот на Исусовото раѓање се јавуваат уште кај Клемент Александриски, кој го предложил 20 мај, но вистинскиот датум останал непознат. Во Рим тој датум паѓал во времето на периодот на веселба која започнувала со сатурналиите на 17-ти декември, а таа иста веселба ја карактеризирала христијанската прослава. Нејзината популарност во Рим се огледала во тамошното служење на три миси, од кои последната востановена, „Полноќна миса”, се покажала особено популарна во западната црква.

Во западната црква се развила традицијата на три божикни мисии, од кои особено значајна станала полноќната миса.

Во 17 век, англиските пуританци се обиделе да го укинат празнувањето на Божик со парламентарен акт од 1664 година, но празникот повторно добил на значење по воспоставувањето на Републиката и се задржал како еден од најважните христијански празници до денес.

 

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.