Momentum VII
Се кријат зад планините.
Останува еден.
Глас 8
Пак коњот. Сега и спокојството. А само пред еден миг ја кажавме иронијата. Веројатно ова како последица…
Глас 9
Излегувајте! Ќе се пречекаме свеечено и со радост.
Глас 6
Детето оди! Треба навреме да го научиме да се покажува со збор.
Фрлавме карпи
во слабините на коњот,
а тој,
со последен глас
и со црвени мрежи
што му пукаа во очите,
си ја истури храната
пред смрт
Ноќва не може со нас
да зборува
и да е бело облечена,
со срчи украсена;
не може со нас
да зборува.
Тоа е поради смртта
за која пишуваат
дека е време
да ја заборавиме како досега
и да ја именуваме со птица
што паѓа во некое доба
на туѓа постела.
Ноќва не може со нас
да зборува,
а ветрот ја удира земјата;
бара од неа да го раскаже
првиот бакнеж со огнот,
да пожали дека одамна
не кажувала
каде се оние што се обидоа
да остават писмо и збор.
Тоа е поради смртта
која со страв
го бодина коњот
да трча
сѐ дури очите не му запенат;
да трча дури не заборави
дека го јавнал морето.
А народот се радува
со спокојството
што ми го оставаш,
со него да те пречекам.