СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

111. Создавам

Јас сум поет кој
заедно со сите божества
на светот
создава свет на рамновесие
помеѓу родените и мртвите,
корените и времињата,
плодноста и пустошијата;
во кој секој
се препознава себеси
како единствен,
сеедно мигум ли, времено
или бескрајно.

Го создавам откога
заодев на своја врвица
што води до извор
на говор за игра безгрижна
што ќе има смисла
во некое меѓувреме
помеѓу снеможност
и последен издив.

Скоро ли, совреме ли
ќе го создадам
во изгревот и во залезот
на сонцето, на месечината,
на ѕвездите,
на ствараноста
сосе заумноста,
дури немошен
ако веќе не може
семожен?

Ако не успеам,
ќе остане по мене
создаден
за беспаќата во човекот.

Leave the first comment