Доаѓа старец кај доктор на преглед. По прегледот докторот вели:
-Во одлична сте форма. Како успевате да имате одличен крвен притисок и да сте во одлична форма, а имате 80 години?
Старецот му вели:
-Лесно…Станувам рано, пред зори и ловам пауни цел ден.
Докторот:
-Ловите пауни?!…Не, тоа не е причина за Вашето одлично здравје…Мора да е наследно. Колку години имал Вашиот татко кога умрел?
Старецот зачуден одговара:
-Кој вели дека татко ми е мртов?
Докторот:
-Сакате да кажете дека татко Ви е сѐ уште жив? Па колку години има тој?
-Има 99. Баш утрово беше со мене во лов. Тоа и него го држи во добра форма.
Докторот:
-Аха…Разбирам…Но тоа сепак не е причината. Колку години имал Вашиот дедо кога умрел?
Старецот налутено:
-Кој вели дека е мртов?!
Докторот:
-Сакате да кажете дека и дедо Ви е сѐ уште жив?!…Тој мора да има околу 120 години.
Старецот:
-Дедо ми има 118 години.
Докторот, целиот фрустриран, вели:
-И…претпоставувам дека и тој со Вас ловел пауни утрово.
Старецот:
-Не, не…тој утрово не можеше со нас да оди во лов зашто се подготвува за свадба.
Докторот:
-Не разбирам…Зошто сака да се ожени на 118 години?!
Старецот:
-Ма, тој и не би се женел, ама неговите родители вршат притисок…