Срцев и мозочен удар

Виц-блиц

Се натпреваруваат срцев и мозочен удар кој е поефикасен. Вели срцевиот:

-Сега ќе го нападнам првиот што ќе наиде.

Наидува еден човек, срцевиот удар пукнува со прстите и овој паѓа:

-Гледај сега што умеам јас,- вели мозочниот.

Наидува една жена, тој пукнува со прстите, жената продолжува како ништо да не ѝ се случило. Тој повторно, пак ништо. Коментира бесен:

-Кај баш сега да наиде плавуша!

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.