И додека бројни компании со години се обидуваат да развијат ефикасни и ценовно прифатливи електрични автомобили, а Google се занимава со интелигентни возила на кои не им треба возач, вредните Германци одат чекор подалеку и создадоа автомобил во кој возачот седи, но сѐ што му треба за сигурно управување е неговиот мозок.
Имено, група научници од берлинските иновативни лаборатории Autonomos развија систем наречен BrainDriver, кој прави движењата со рацете и нозете со кои управуваме со возилото да станат одвишни. Возачите исто така можат да го запалат моторот, да свртат лево или десно, да забрзаат или забават користејќи ги мозочните бранови. Со други зборови, доволно е само да се мисли правилно, а сѐ друго одработува автомобилот самостојно.
Иако сето ова звучи како некој научно-фантастичен роман, водителот на проектот Паул Ројас и неговите колеги се решителни во својата намера автомобилите со волан и да ги испратат во историјата.
Како функционира тој систем? Прво што ви треба е тн. Emotiv neuroheadset (EPOC), кој морате да го ставите на главата. Уредот е опремен со 16 сензори кои имаат можност на декодирање на електромагнетните сигнали од вашиот мозок. EPOC потоа се поврзува со управувачката плоча на автомобилот која е опремена со ласери, радарски сензори и камери.
Без оглед на ова ветувачко сценарио, скептиците се загрижени зашто од мислата па до нејзиното спроведување во акција мора да помине одредено време, а проблем можат да претставуваат и луѓето со различни пореметувања на вниманието, како ADHD или возачи кои се однесуваат некултурно. Од друга страна, сите се согласуваат дека развојот на овој систем треба да се поддржи, пред сѐ зашто и на парализираните луѓе би им се овозможило управување со возила.
„Сѐ уште сме во развојна фаза и сакаме да докажеме дека такво нешто е можно. До целосна контрола на возилото со нашиот мозок сепак ќе треба да помине уште многу време“ изјавил Паул Ројас.
Мешутоа, Nissan веќе промовира нова револуционерна технологија, таканаречена Brain-To-Vehicle технологија. Автомобилот може да ги отчитува активностите на возачот во мозокот и врз таа основа предвидува некои негови акции.
Со снимање и декодирање на снимените сигнали системот може да процени кога возачот сака да направи одредена работа. На пример, кога сака да стисне на кочница може да го направи тоа многу побрзо. Со тоа се добива многу на забрзување на реакцијата.
И научниците од Универзитетот Нанкаи во градот Тианјин, Кина, исто така реализирале проект со кој автомобилот возачот го управува со своите мисли.
Развојот на автомобилот го следел професорот Дуан Фенг, а се работи за СУВ возилото „Хавал“. Управувањето го овозможуваат 16 сензори, кои детектираат ЕЕГ сигнали од мозокот на човекот и ги испраќаат по безжичен пат на компјутер.
Целта е најнапред да им се овозможи на луѓето со инвалидитет да ги користат автомобилите.
Прототипот засега може да се движи само напред, а нема планови за сериско производство.
И ова:
Технологијата која за автомобили се развива во Германија може да биде корисна и во управување со други превозни средства. Така, група американски научници го тестирала EPOC системот на електричен skateboard. Уредот на главата ги собирал електричните импулси од мозокот и ги испраќал во Самсунговиот таблет, а неговиот софтвер ги читал мислите на возачот и го насочувал skateboard-от во насоката што тој ја зацртал во својата глава. Електричниот skateboard контролиран со умот успеал да развие брзина до 50 километри на час.