Слушнале животните во шумата дека еден мечок има листа за убивање. Сите се исплашиле, па најпосле викнал еленот дека тоа веќе не може да го поднесува и оти оди да го праша дали е точно.
-Мечоку, мил и драг другар наш, слушнав дека имаш листа за убивање.
-Имам.
-Дали сум јас на таа листа?
-Си.
Утредента еленот го нашле мртов. Втор се охрабрил волкот и отишол кај мечокот.
-Мечоку наш мил и драг, слушнав дека имаш листа за убивање.
-Имам.
-Дали сум јас на таа листа?
-Си.
Утредента и волкот го нашле мртов. Следниот ден отишол зајко:
-Еј мечоку, неранимајко наш, дали сум јас на таа твоја листа?
-Си зајко.
-А дали би можел да ме избришеш од неа?
-Може, нема проблем!
Наравоучение:
Комуникацијата е клуч на успехот.