7 добри совети за почеток на бизнис

Потребно време за читање: 4 минути

Според некои стручњаци-бизнис теоретичари и практичари, за да успеете во бизнисот морате да развиете 7 клучни навики за успешност. Отсуството на кој било од нив може да биде скапо платено, ако не и фатално.

Кога ќе станете компетентни и добри во секој од тие навики, ќе бидете во можност да остварите извонредни резултати, на побрз и полесен начин од Вашата конкуренција:

1. Планирајте!

Првото барање за успех во бизнисот е навиката на планирање. Најдобро е да се планира што подалеку и што подетално, со што полесно ќе го исполните она што го сакате и ќе добиете резултат онаков каков што саката на самиот старт.

Како што вели изреката: „Правилното планирање овозможува добра и постојана заработка“.

Мошне често првите 20% од времето потрошено за развивање и довршување на планот ќе Ви заштедат 80% од времето подоцна, кога ќе ги достигнувате целите што сте ги поставиле.

За подобро да планирате, развијте ја навиката да прашувате и да давате одговори на следниве прашања:

Што е точно мојот производ или услуга?
Кои се точно мои муштерии/клиенти?
Што купуваат тие?
Што сметаа тие за вредност?
Што е тоа што го прави мојот производ или услуга подобар од конкуренцијата?
Зошто, според моето мислење, муштеријата не купува кај мене?
Зошто, според моето мислење, муштеријата купува кај конкуренцијата?
Која вредност муштериите добиваат со купување кај конкуренцијата?
Како да го променам моето сфаќање на бизнисот за муштериите од конкуренцијата да прејдат кај мене?
Со што да се убедат муштериите да купуваат кај мене, а не кај конкуренцијата?

Кога еднаш ќе ги поставите и ќе одговорите на овие прашања, минувате на наредната фаза на планирање во која поставувате одредена цел на продажба и профитабилност.

Морате да ги одредите точните муштерии, парите, рекламите, маркетингот, дистрибуцијата, администрацијата и се друго потребно за да ги остварите своите цели. Колку е подетален Вашиот план за секој дел од работењето, толку е поголема можноста дека ќе успеете кога ќе го почнете бизнисот;

2. Сѐ организирајте пред да почнете!

Кога сте развиле комплетен план за Вашиот бизнис, морате да развиете навика да организирате луѓе и ресурси пред да започнете која било работа. Кога ќе ги организирате, Вие ги спојувате сите ресурси што претходно сте ги планирале. Во војска популарно велат: „Аматерите зборуваат за стратегија, професионалците за логистика“.

Апсолутно е важно да одредите секоја и најмала ситница која Ви е потребна за работата пред да започнете и сето тоа да го споите во единствена целина, така што се да биде целосно подготвено кога ќе ја отворите вратата и ќе го започнете Вашиот проект. Мошне лесно може да се случи, ако нешто испуштите, да дојде до пропаѓање на целиот проект, па со самото тоа и на Вашата фирма;

3. Пронајдете вистински луѓе!

Третата навика која морате да ја развиете е да ги слушате луѓето кои можат да Ви помогнат да ги остварите Вашите цели. Точно 95% од Вашиот успех како претприемач или директор ќе бидат одредени од квалитетот на луѓето што ќе ги земете да работат со Вас или во Вашиот тим.

Всушност, едно е сигурно: најдобрите фирми имаат најдобри луѓе. Другите на ред компании имаат луѓе „од втор ред“ итн….Најлошите имаат медиокритети и тие се на пат да го напуштат пазарот;

4. Управувајте паметно!

Четвртата работа која треба да ја направите за Вашиот бизнис добро да се развива е правилното управување. Морате да се потрудите да развиете особина да давате вистинска задача на вистинско лице на вистински начин. Грешките во управувањето можат да имаат како последица слом или слаби перформанси на поединецот, а можат дури да доведат до пропаст на целата работа.

Кога луѓето ќе влезат во некоја работа вообичаено работат се сами. Како што растат и го шират својот бизнис, тој станува преголем за едно лице, така што изнајмуваат некого да работи некој дел. Сепак остануваат внимателни, се обидуваат да ја задржат контролата над одредени задачи и никогаш во целост не му ја предаваат на работникот, било да се работи за авторитет или одговорност.

Морате да почнете да размислувате според системот „да се завршуваат работите со помош на други“, наместо според системот „се сам ќе направам“. Тоа е единствен начин да го подобрите Вашиот бизнис и да ги покажете Вашите најдобри особини;

5. Контролирајте ја работата!

Петти услов за Ваш успех во работата е да развиете навика на правилна контрола. Морате да поставите систем на следење на работите, така што да можете да се уверите дека тие се правилно сработени. Правило е: проверете го она што очекувате да биде направено. Кога еднаш ќе му доделите задача на вистинско лице на вистински начин, мошне е важно да внимавате на успехот на работата за да се уверите дека таа е направена во рок и на вистински начин. Запомнете: давањето на работа не е и симнување на одговорноста од себе си. Вие сте се уште одговорен за сите резултати и затоа морате секогаш да останете во центарот на сите случувања.

Кога ќе ја доделите задачата, направете и систем на известување, така што секогаш ќе бидете информирани до каде стасала работата. Осигурајте се работникот да знае што треба да направи, кога и на кој начин. Тогаш Ваша работа е нејзе или нему да му ги овозможите сите потребни ресурси за да ја заврши работата на задоволително ниво. Колку е поважна работата, толку повеќе морате да водите сметка за нејзино/ негово напредување;

6. Измерете ги резултатите!

Шестата работа која успешниот претприемач или директор треба да ја развие е навиката на мерење на резултатите. Морате да направите систем на мерење на резултатите и успешноста. Исто така, морате да поставите точно одредени рокови за се да биде сработено според планот. Секој што е одреден за задача, мора да има чисти цели и и да знае како неговата работа ќе биде мерена, но и што може да се очекува ако работата не биде сработена како што треба;

7.Нека Вашите луѓе бидат секогаш информирани!

Седмата навика на деловните луѓе е да известуваат за резултатите постојано и навреме. Луѓето околу Вас мораат да знаат за се што се работи. Вашите работници треба да ги знаат статусот и ситуацијата во фирмата, Вашите банкари треба да ја знаат вашата финансиска состојба, Вашите клучни луѓе на сите нивоа мораат да знаат какви резултати се постигнати.

Во истражување за мотивацијата на работното место повеќе илјади на вработени рекле дека најважен фактор врз основа на кој чувствуваат задоволство е да бидат информирани. Луѓето во организацијата имаат длабока потреба да дознаваат што се случува околу нив. Колку подобро ги информирате Вашите клучни луѓе, толку и нивните резултати ќе бидат подобри, а со самото тоа и Вашите перформанси.

Leave the first comment