Блуз

Потребно време за читање: 5 минути

Блузот (Blues) првобитно бил народна световна песна на американските Црнци, која настанала со стопување на африкански и европски музички елементи. Тоа е најстариот и најизворен облик на северноамериканска црнечка музика, кој потоа станува темелна и најважна форма на џезот.

Самиот назив се воведува дури околу 1910. година ( од изразот blue devils), според меланхоличниот карактер на мелодиите и хармонијата на блузот.

Тоа меланхолично расположение го создаваат одделни тонови (III и VII степен на скалата), снижени за интервал помал од полустепен (тн. blue notes). Текстот е раскажувачки, лиричен со дводелни строфи на начин на повик и одговор, а музичката граѓа обично опфаќа три групи од по 4 такта. Всушност, блузот се темели на употреба на тн. „сини тонови“ и структура од најчесто 12 такта кои се повторуваат.

Првиот опис на овој вид музика се среќава кај патеписците кои на патувањата на југот од САД ги опишувале песните на афроамериканците. Потенцирале дека корените таа ги влече од духовната музика и химните, работните и жетвените песни од плантажите со памук, импровизираното пеење на работа наместо разговор, кој на робовите им бил забранет, како и напеви.

Блузот најнапред се изведувал, всушност импровизирал исклучиво вокално, со придружба на гитара во бавно темпо, а подоцна во џезот се создаваат и инструментални форми со различно темпо.

Оној што сега го познаваме може да се дефинира како музички стил кој се темели на европската хармониска структура со традицијата на западноафриканската традиција на повик и одговор, преобликување во меѓуиграта на вокалот и гитарата. Некои теоретичари укажуваат на неколку специфики како што се мелизматиката, брановидната, назалната интонација која сугерира врска помеѓу блузот и музиката на западно и централна Африка, а се смета дека одредени елементи на блуз влечат корени и од муслиманската музика на западна и централна Африка. Интересно е дека техниката на свирење на гитара во Мисисипи вклучувала и користење на острица на нож, а што кореспондира со слични свирачки техники во културите на спомнатите африкански простори.

Она што денес се препознава како 12- тактен блуз е запишано во усмената историја и нотните записи, а се појавува во афроамериканските заедници на подрачјето околу реката Мисисипи, во Мемфис, во Тенеси, како и во музичките групи на белци во Њу Орлеанс.

Што се однесува на текстот на блуз песната, првобитната лирска форма веројатно била еден стих повторен три пати. Многу подоцна денешната и најчеста структура од еден стих повторен два пати, по што следи заклучен стих, станала стандардна. Овие стихови почесто се пејани со ритмички говори, отколку со мелодија.

Поранешниот блуз често земал облик на слободно раскажување. Пејачот често со глас ги изразувал своите патила во светот на суровата стварност- од изгубената љубов, суровоста на полицајците, до угнетувањето од страна на белците и воопшто тешките времиња. Оваа музика е нарекувана „gut-bucket“ блуз, поим кој се однесува на вид на бас инструмент од домашна изработка, направен од метална канта во која се чистеле свински црева- храна која се врзува за ропството. Песните од „gut-bucket“ блузот по правило се приземјени, за тешки и зовриени односи помеѓу мажот и жената, лошата среќа и тешките времиња.

Меѓутоа, постои и тн. „Hokum blues“ кој славел комични текстови и фарсични, често груби изведби.

Блуз песните зборуваат за луѓе кои не можат да се задржат на едно место, туку постојано заминуваат некаде, бегаат од се и сешто. Чисти социјални теми се мошне ретки, но и за нив се пее како и за сите ситни реалности на секојдневјето.

Се развил и тн. затворски блуз. Jailhouse Blues дури би можел да се смета за подвид на блузот.

Блузот претставува неизбежност и нужност. Тој никогаш не ја губи врската со животот и секогаш зборува за одделно искуство или доживување.

Блузот во џезот е битно различен од блузот во другите видови музика, како што се rock-от, R’n’B, soul-от, funk-от и блузот како посебен жанр.

Некои стручњаци го потенцираат развојот на блузот на самиот почеток на 20. век како поместување од групна музичка изведба кон индивидиуален стил. Тврдат дека развојот на оваа музика се одвивал заедно со новостекнатата слобода на поробените луѓе.

Меѓу првите објавени блуз композиции со фиксиран текст и авторски потпис се смета делото Мемфис блуз (Memphis Blues) опд 1912. г.. од Вилијам Хенди (William Christopher Handy), кој го нарекуват и татко на блузот..Следната година оваа композиција е повторно објавена во нова верзија со нов текст во форма од 12 тактови. Интересно е дека авторските права на таа песна ги продал за 100 долари, а истата година ја компонира и песната „St. Louis Blues“, потоа и „Hesitation Blues“. По објавувањето на „Beale Street Blues“, тој се сели (1916.) во Њујорк, каде што се надевал дека ќе има подобри услови за работа и во кој отворил сопствена издавачка куќа (Handy Record Company). Во 1926. ја објавил блуз антологијата „Blues: An Anthology: Complete Words and Music of 53 Great Songs“, веројатно прв обид за сеопфатно документирање на блузот.

Благодарение на делата на Вилијам Хенди, блузот стигнал во Европа, и тоа преку американските воени оркестри кои ги следеле американските војници за време на првите месеци од Првата светска војна. Така во Европа почнал да се развива стилизиран блуз, а помеѓу првите кои го прифатиле биле француските композитори Дариус Милход (Darius Milhaud) и Морис Равел (Maurice Ravel).

Во 1920. година е издадена плочата на Мами Смит (Mamie Smith), прва грамофонска плоча од афроамерикански блуз изведувач.

Урбаниот блуз се развива во афроамериканските заедници по Втората светска војна како самостојна блуз уметност, која на почетокот немала никаква врска со џезот или забавната музика.

За бранот на одушевување од блузот заслужни се The Blues Brothers, Rhytm and Blues band, кој го воделе двајца комичари- John Belushi и Dan Aykroyd. Тие биле членови на оригиналниот состав на телевизиското NBC шоу „Saturday Night Live“, на кое подоцна и првпат настапиле под името Blues Brothers, во 1977. година. На крајот од извонредниот успех (и надвор од емисијата) снимиле и истоимен филм. Треба да се нагласи дека и покрај името, повеќето песни на Blues Brothers биле соул и R&B класици.

Ран country blues

Претставници н раниот country blues: Barbecue Bob (1902.-1931.), Blind Blake (1893.-1933.), Big Bill Broonzy (1893./1898.-1958.), Ida Cox (1896.-1967.), Gary Davis (1896.-1972.), Sleepy John Estes (1904.-1977.), Blind Boy Fuller (1908.-1941.), Jesse Fuller (1896.-1976.), Son House (1886./1902.-1988.), Alberta Hunter (1895.-1984.), Mississippi John Hurt (1893.-1966.), Skip James (1902.-1969.), Blind Lemon Jefferson (1893.-1929.), Blind Willie Johnson (1902.-1945.), Lonnie Johnson (1894.-1970.), Robert Johnson (1909./1912.-1938), Tommy Johnson (1896.-1956.), Louis Jordan (1908.-1975), Leadbelly (1885.-1949.), Furry Lewis (1899.-1981.), Mance Lipscomb (1895.-1976.), Cripple Clarence Lofton, Fred McDowell (1904.-1972.), Brownie McGhee (1915.-1996.), Blind Willie McTell (1901.-1959.), Memphis Blues Band, The Memphis Jug Band, Big Maceo Merriweather, Memphis Minnie (1897.-1973.), Charlie Patton (1893.-1934.), Ma Rainey (1886.-1939), Tampa Red (1904.-1981.), Bessie Smith (1894.-1937.), Mamie Smith (1883.-1946), Victoria Spivey, Frank Stokes (1888.-1955.), Sonny Terry (1911-1986.), Bessie Tucker, Sippie Wallace (1898-1986), Washboard Sam, Peetie Wheatstraw (1902.-1941), Bukka White (1909.-1977.), Josh White (1914. или 1915.-1969.), Sonny Boy Williamson I (1914.-1948.).

Ран урбан блуз

Преставници на раниот урбан блуз: Gladys Bentley (1907.-1960.), Lucille Bogan (1897.-1948.), Thomas A. Dorsey (1899.-2099.), Lil Green (1919.-1954.), Lucille Hegamin (1894.-1970.), Alberta Hunter (1895.-1984.), Ma Rainey (1886.-1939.), Clara Smith (1894.-1935.), Mamir Smith (1883.-1946), Bessie Smith (1894.-1937.), Ethel Waters (1896-1977.).

Пред Втората светска војна

Jazz blues пред Втората светска војна: Albert Ammons (1907.-1949.), Louis Armstrong (1901.-1971.), Sidney Bechet (1897.-1959.), Leroy Carr (1905.-1935.), Floyd Dixon, Johnny Dodds (1892.-1940.), Champion Jack Dupree (1909.-1992.), Ivory Joe Hunter, St. Louis Jimmy Oden (1903.-1977), Little Brother Montgomery (1906.-1985.), Joe McCoy (1905.-1950.), Papa Charlie McCoy (1909.-1950.), Jay McShann, Jelly Roll Morton (1890.-1941.), Jimmy Rushing (1902.-1972.), Roosevelt Sykes (1906.-1983.), Big Joe Turner (1911.-1985.), Sam Taylor, T-bone Walker (1910.-1975.).

Модерен блуз по 1950-та

Модерен блуз по 1950-тите: Lonnie Brooks, Clarence Gatemouth Brown (1924.-2005.), Eric Clapton (1945.), Albert Collins (1932.-1993.), Robert Cray (1953.), Fabulous Thunderbirds, Ted Hawkins, John Lee Hooker (1917.-2001.), Colin James (1964.), Etta James (1938.), B. B. King (1925.), Freddie King (1934.-1976.), John Mayall (1933.), Keb’ Mo’ (1951.), Rufus Thomas (1917.-2001.), Stevie Ray Vauqhan (1954.-1990.), Kazumi Watanabe (1953.), Johnny Winter (1944.).

Блуз во rock музиката во доцните 1960-ти

Блуз во rock музиката во доцните 1960-ти: Allman Brothers Band, The Animals, Captain Beefheart, Canned Heart, Cream, Creedence Clearwater Revival, Fleetwood Mac, Free, Hot Tuna, Jimi Hendrix, Johnny Winter, Humle Pie, Janis Joplin (1943.-1970.), Alexis Korner, Led Zeppelin, John Mayall & The Bluesbrerakers, The Rollinq Stones, The Fabulous Thunderbirds, Santana, Taste и Rory Galaqher, Ten Years After, Van Morrison, The Yardbirds, ZZ Top, Bov Dylan.

Блуз од 1990-тите

Блуз од 1990-тите: Tab Benoit (1967.), Deanna Bogart (1960.). Kenny Brown, R. L. Burnside (1926.-2005.), Tommy Castro (1959.), Joanna Connor (1962.), Chris Duarte (1964.), Ronnie Earl (1953.), Tinsley Ellis (1957.), Sue Foley (1968.), Anson Funderburgh (1954.), Anthony Gomes (1975.), Alvin Younqblood Hart (1965.), Jeff Healey (1966.), Colin James, Gene Kelton, Junior Kimbrough (1930.-1998.), Chris Thomas King (1964.), Jonny Lang (1981.), Harry Manx, Keb Mo` (1951.), Coco Montoya, Kenny Neal (1957.), North Mississippi All Stars, Asie Payton (1937.-1997.), Kelly Joe Phelps, Kenny Wayne Shepherd (1976.), Susan Tedeshi (1970.), Jimmy Thackery (1953.), Joe Louis Walker (1949.), William Elliott Whitmore.

Leave the first comment