Божја казна за жените

Виц-блиц

Умира Столе и доаѓа пред Бога, а Бог му вели:

-Денеска е малку метеж, ми дојдоа и неканети, а ти оди на она облаче и кружи додека не се најде некое слободно место, па ќе те земам.

На облачето наоѓа една грда жена и така полетуваат тие заедно. Столе наеднаш го догледува на друг облак комшијата Спиро со некоја убава и млада жена. Се враќа кај Бога и го прашува:

-Боже, што сум згрешил толку, па ми даде онолку грда, а на комшијана толку убава жена?

А Бог му одговара:

-Мораат и жените да бидат казнети.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.