Полицаец и негов брат кој чита книга. Го прашува полицаецот:
-Што читаш?
-Логика,- одговара братот.
-Што е тоа логика?
-Ма, глупав си ти за тоа.
-Ама ајде, кажи ми што е, можеби не сум.
-Добро, еве вака: имаш ли ти аквариум?
-Имам.
-Ако имаш аквариум, логично е да имаш вода во аквариумот, а ако имаш вода, логично е да имаш рипчиња во неа, а ако имаш рипчиња, логично е да сакаш животни, а ако сакаш животни, логично е да сакаш и луѓе, а ако сакаш луѓе, логично е да ја сакаш и својата жена, а ако ја сакаш својата жена, тогаш е логично да не си хомосексуалец. Ете, тоа е логика.
Утредента оди полицаецот на работа со книгата на братот (го кренал носот). Го прашува колега:
-Што ти е тоа?
-Логика.
-А што е тоа логика?
-Глупав си ти за тоа.
-Ма ајде, кажи ми, можеби не сум.
-Види вака: имаш ли ти аквариум?
-Немам.
-Тогаш ти си хомосескуалец!