Жена, поп и апарат за депилација

Виц-блиц

Една жена седи во авион покрај поп.

-Попе, можам ли да Ве замолам за услуга?
-Радо, ако бидам во можност, ќерко моја.
-Знаете, одамна имам купено еден многу скап и посебно добар апарат за депилација. Сѐ уште е нов, па се плашам дека на царина ќе морам да платам. Дали би можеле да го скриете под Вашата мантија?
-Би можел, ќерко, само е проблем што не можам да лажам. Ама, дајте ми го тој апарат, нешто ќе смислам.
И жената му го дава.
На аеродромот цариникот го прашува свештеникот дали има нешто да пријави.
-Од главата до половината немам ништо за царинење, синко мој!
Малку збунет цариникот прашува:
-А од половината надолу?
Попот:
-Тука долу имам еден апарат за жени кој се уште никогаш не е употребен.
Цариникот се смее гласно и вика:
-Следниот, молам!

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.