6 тајни за долг и хармоничен брак

Потребно време за читање: 2 минути

Брачните партнери добро знаат дека за успешен брак е неопходно подеднакво вложување во врската. Но многумина не знаат дека токму во вложувањето постојат некои тајни кои, доколку навреме не се откријат, научат и применат, можат брзо да ја разнишаат.

Според мнопгумина брачни терапевти, следниве 6 се најважни:

1. Никогаш не ја потценувајте силата на комплиментот
Барем еднаш дневно кажете му на својот партнер дека цените и почитувате некоја од работите што ги направил. Сите се брзи на јазик кога на партнерот треба да му се укаже на работи кои ги направил наопаку и кои ве налутиле. Потрудете се да пронајдете соодветен баланс. Почнувајќи од ситници, па до крупни работи. Колку повеќе кажувате „Благодарам“, толку повеќе вашиот партнер ќе прави работи што ве прават среќни;

2. Слушајте повеќе, зборувајте помалку
Комуникацијата е 85% слушање и 15% зборување. Колку повеќе слушате, толку повеќе уживате во комуникацијата. Оставете го мобилниот дома, излезете во прошетка со партнерот, гледајте го в очи и само слушајте. Неверојатна работа во секоја врска е кога партнерот ќе почувствува дека вистински слушате што ви зборува;

3. Ситните проблеми скријте ги под ќилим
Сосема е в ред да заборавите некои проблематични теми и да не се враќате на нив. Луѓето мислат дека ова подразбира избегнување на клучни работи во врската, но грешат. Успешните парови секогаш се согласуваат дека малите, секојдневните проблемчиња ги игнорираат и го оставаатт настрана, зашто не се вредни за долги расправи и терање на инает;

4. Први понудете маслиново гранче
Кога ќе се појави проблем, секој најчесто чека другата страна да иницира помирување. Но колку подолго чекате, се повеќе сте исфрустрирани и полошо се чувствувате. Обидете се први работите да ги поместите од мртва точка. Тоа никако не значи први да се предавате, напротив. Сепак е подобро топката да се тркала, одошто да стои в место, зарем не?;

5. Борете се за својата љубов
Нормално е во бракот да дојде до конфликт. Тој е секогаш резултат на индивидуалноста, на разликите помеѓу две лица со различни мислења. Многумина луѓе се обидуваат да молчат и се повлекуваат за да избегнат конфликт, но луѓето во врска, луѓето кои живеат исполнет живо кога- тогаш ќе мораат да се искараат. Ако внимателно и со промислување му пристапите на проблемот, конфликтот на вашиот брак може да му донесе нова доза на енергија. На тој начин ќе имате подлабока и поинтересна врска;

6. Убавиот збор е секогаш добредојден
Кажете понекогаш „Те сакам“, „Навистина го ценам тоа што го правиш“, „Би сакал(а) да го слушнам и твоето мислење“. Користете поблаги зборови и понежни изрази. На тој начин комуницирате отворено и со респект, а вашиот партнер сигурно ќе се почувствува сакан.

 

Leave the first comment