Случајно ја откри
бездната на Заборавот
при квечерна прошетка
по реската линија на делба
на светот жив
на голема пустошна
и мала плодородна
половина.
Брановидна пулсирачка
преполна воздиви и издиви
на дамнешни и скорашни
мртви.
Ја откри
и речиси до полноќ стоеше
на нејзиниот раб
обидувајќи се да го догледа
работ
на плодородната половина
на светот жив.
Замелушен едвај успеа
да направи чекор назад
бездната да не го повлече
кон себе.
ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Замислувања, поетска студија, 78