27. Бдеејќи

Потребно време за читање: < 1 минута

Ноќва иста како ден
ми е самотна
оти со мене е
и јас без неа;
таа бессона
и јас без сон,
до пред
да се развидели.

Само игра на сенки
и лилјаци во молк
на полна месечина,
само стивната песна
на ноќни пеперуги
и светулки.

Ќе ја пробдеам
ноќва
на ридов
што го искачив
совреме
снажен, огнен,
животворен,
самобитен;
а штом зазори,
ќе ги дораскажам
коските на луѓе,
расфрлани низ
безимени простори,
кои некогаш биле

лични и самосвојни,
исправени и возвишени,
јуначни и самосвесни.

Leave the first comment