ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 11

Потребно време за читање: < 1 минута

11. Незнајни

И тој и таа не се од никого знајни, а малку се знаат меѓусебно. Згора на тоа, и тој и таа не се познаваат, ниту некогаш се запознале. Или тоа сè уште не е ниту откриено, ниту осознаено. Поради тоа кога е збор за нив сите се прашуваат како е можно да се заедно. Единствен одговор, пак, е дека тие всушност никогаш ниту биле, ниту се заедно. Во сето наведено само едно нешто колку-толку ја одржува реалноста на нивното заедништво: тие сепак малку се знаат меѓусебно.

За обајцата од суштествена важност е дека се заедно еден покрај друг. Да, тоа значи дека не се еден за друг и еден со друг, ниту, пак, еден спроти друг. А што конкретно за нив значи еден покрај друг? Само едно: нивно безвременско сопатништво и наспоредништво.

Конечно, секој што се нашол, е или допрва ќе се најде пред нив брзо согледува дека обајцата се извишени до небо и обајцата се на виделина по многувековна покриеност во длабини на исконска земја. Притоа, зачувувајќи ги своите мраморни белини, препознатливите надворешни идентитетски белези, како и нивните докажани духовни вредности.