Жива

Потребно време за читање: < 1 минута

ТАА Е ЖИВА НЕ САМО ЗАТОА ШТО БИЛА ЖИВА, ТУКУ И ДЕКА ЌЕ БИДЕ ОТКАКО СКОРО ЌЕ ОСТАНЕ СОСЕМ САМА. УШТЕ НЕКОЕ ВРЕМЕ ПО НЕГОВАТА СМРТ.

СĖ УШТЕ НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ОТКРИЕ ЧИЈА СМРТ ПРЕЖИВУВА И КОЈА Е НА РЕД. ПРВА СЕКАКО НЕ Е, СО ОГЛЕД НА ГОДИНИТЕ. ДЛАБОКО СОКРИЕНИ ВО НЕА НЕКОЛКУ ЉУБОВИ И ДВА ЗАЕДНИЧКИ ЖИВОТА СО ТРАГИЧНИ СМРТИ. НО, БИДЕЈЌИ Е ЖИВА КАКО ШТО Е, НАЈПРВИН ЗА СЕБЕ ПОТОА ЗА ДРУГ, НАЈВАЖНО Е ДЕКА Е И ЌЕ БИДЕ УШТЕ ЖИВА САМА. ЗА НЕКОЈ ДРУГ?

СЕКАКО Е И ЌЕ БИДЕ ЗА НЕЈЗИНИОТ СИН СО СВОЈ СВЕТ, КОЈ Е ОДАМНА ДАЛЕКУ И Е МНОГУ ВЕРОЈАТНО ДЕКА ЈА ЗАБОРАВИЛ. ТОЈ МОЖЕБИ НЕ СЕ НИ РАСПРАШУВА ЗА НЕА ОТКАКО ОТКРИ ДЕКА ГО ОСТАВИЛА НА ПРАГОТ НА СИРОПИТАЛИШТЕТО, САМО НЕКОЛКУ ЧАСА ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД ПОРОДИЛИШТЕТО.

СКОРО ЌЕ ОСТАНЕ СОСЕМ САМА ОТКАКО ЦЕЛИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ БДЕЕ НАД УМИРАЊЕТО НА НЕЈЗИНИОТ ПОСЛЕДЕН ЖИВОТЕН СОПАТНИК. (НАЈДОЛГО ОД СИТЕ ДОСЕГАШНИ.) КОЛКУ СКОРО? ЛЕКАРИТЕ ВЕЌЕ Ѝ ПРЕПОРАЧАА ДА СЕ ПОДГОТВИ. МУ ПРЕОСТАНУВААТ УШТЕ ТРИ-ЧЕТИРИ ЧАСА ДО ОДЕЊЕТО ВО НЕВРАТ. ПОТОА…

ПОТОА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ВО СВОЈАТА САМОТНОСТ ЧЕКАЈЌИ ЈА СВОЈАТА СМРТ. СĖ ПОВЕЌЕ Ѝ ТЕЖИ СТАРОСТА.

НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 41