Интересно прашање: во што секогаш веруваат жените, а тотално не се во право?
Се разбира, штом е интересно нема шанси да остане без одговор, ем стручен ем компетентен. И неизоставно да се најде на Интернет.
Всушност, станува збор за препораки до жените со знаење и конкретно искуство. Не е лошо да ги прочитаат и мажите, колку да не се изненадат или да не се најдат во небрано:
Треба да одбегнувате секс при првиот спој, инаку нема да ве почитуваат? Мажите сакаат да бидат ловци, а е докажано дека мажот не може да ѝ биде пријател на жената без помисла за секс?
Ако верувате во тие две мошне важни нешта, вие сте во голема заблуда.
Имено, иако жените во некои работи често се поставуваат во позиција како стручњаци за машката психа, барем што се однесува на одреден број на мажи се далеку од вистината. Во некои општоприфатени митови многу припаднички на понежниот и поубав пол ќе поверуваат без размислување, ама не е сѐ баш како што се чини.
Еве 5 митови за мажите кои немаат врска со вистината.
1. Секс при првиот спој е љубовно самоубиство. По него нема да ве почитуваат.
Ова тврдење е далеку од вистината, зашто на мажите не им е битно дали ќе посакате да се најдете со нив в кревет при првото или петтото излегување. Односно, веројатно посакуваат тоа да се случи веќе при првото, но нема поради тоа да ве ценат помалку. Барем паметните. Секоја ситуација и личност се поинакви. Ако вашето размислување и однесување ги одредуваат очекувањата на други, од врската би можеле да излезете разочарани. Бидете она што сте и водете се само од своите емоции и разумот, а не од она што го мислите дека други би го направиле или го очекуваат од вас.
2. Мажите сакаат да бидат ловци.
Ова е делумно вистина, барем за мажите од стар ков. Но да му се пријде на лице што ви се допаѓа, притоа рескирајќи понижување и отфрлање, не изгледа баш лесна задача. Радо ќе ви ја препуштат. И тие сакаат да бидат во позиција на уловени и тоа, за промена, многу им се допаѓа. Тогаш моќта е во нивни раце и немаат ништо против да ги заведувате.
3. Мажите не можат да имаат пријателки без сексуални помисли
Констатацијата дека мажите секогаш негуваат сексуални емоции спрема пријателките е понижувачка за мажите оти ги сведува на чисто инстинктивни суштества. Ним не им е баш секоја жена сексуално привлечна, а верувајте, постојат некои со кои баш никогаш не би сакале да се најдат в кревет. Рака на срце, еден дел од пријателките сепак многу пати во своите сценарија ставиле валкани секси сценарија. Но, дефинитивно не сите.
4. Сакаат нешто да ѝ се остави на фантазијата
Мажите сакаат кога вие жените шетате во кратко здолниште без нараменици? Да, сакаат да ве видат како голи излегувате од бањата обвиткани со крпа за бришење? Да, сакаат да бидете облечени во секси долна облека? Точно.
Но дали знаете што сакаат најмногу? Сето тоа да го соблечат од вас и да не и остават ништо на фантазијата.
5. Мажите се плашат од независни и јаки жени
Па не се ни тие сите неандерталци кои мечтаат за жена која со стап ќе ја удрат по глава и ќа ја одвлечкаат назад во пештерата. Не се чувствуваат сите мажи загрозено покрај способни и јаки жени.
Вистинскиот маж, а има и такви, не се плаши да го носи својот сопствен товар и да биде самостоен. Исто така, на мажот не му пречи покрај себе да има јака жена. Напротив, тоа му импонира и е горд на својата независна и моќна драга. Барем така тврдат независни и јаки мажи.