Зборовите од народниот говор се секогаш за разбирачка. Освен ако не се знаат, ако не знаеме што значат, што именуваат, што заменуваат, а што покажуваа и докажуваат. Исто е и ако се заборавиле или ако сме ги замениле со други, ненаши.
Некои и од едните и од другите и од третите…:
- мофљус- човек материјално пропаднат
- испорец- првенец; предводник
- чапкан- безобразник; шегобиец
- јалдаџи- лажец
- арам- проклето
- калабалак- мнозинство, многу
- рушфет- мито
- ќелепур- нешто случајно или за малку пари добиено
- нафака- среќа
Порака што може да биде и општонародна:
Арам да ти е калабалакот што со рушвет и ќелепур си го стокми. Сега му се топориш ко испорец. А никаква нафака од тебе со тебе. Сетне ко јалдаџи и чапкан ќе му излезиш на очи, та мофљус ќе те направи.