Човек му завидува на човек кој е понапред, создал подобро, поголемо, повредно, оставил неизбришлива трага зад себе. Човек, кој му завидува на човек поради сето тоа или поради нешто од тоа, се докажува како дребнав, кој не знае, ниту се обидува да научи како би можел да си ја надмине сопствената дребнавост.
Завидливецот никогаш не мирува, а секогаш се труди најпрвин како било да му напакости на човек кому не може да му биде рамен, кого не може да го достигне. Ако веќе не да се најде пред него. Не мирува и кога тоа некако ќе му успее. Се труди да го сопне, да го сопре, да го турне. Наместо да продолжи самостојно, со свој стамен чекор. Завидливецот не постигнува личен успех затоа што таа го прави безличен.
Варди се од слепата, глувата, немата,безумната и безмилосната завидливост. Која лесно и многу брзо го прави човекот нечовек.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 191