Потребно време за читање: < 1 минута

8. Од мене важно

Мои пријатели и почитувачи,

Досега не сум посочил на нешто многу важно во врска со моето мислечко и книжевно творештво.

Имено, уште со мојата прва стихозбирка „Куќа што молчи“, објавена во 1972. година, критиката ја забележа мојата создавачка игра со зборови, односно експериментирањето со и во песната; подоцна дефинирана во поетскиот манифест „На чекор од говорот“.

Во меѓувреме, во изминатите пет ипол творечки децении поставив и развив (со стотици дела) неколку нови жанри и/или форми во поезијата и прозата (со сиот ризик да се „промашени“), а кои, сигурен сум, допрва ќе се истражуваат и валоризираат. Јас се обидов со куси есеи да ги „образложам“:

1. песна во еден стих;

2. двостишие;

3. припев;

4. поетска студија

5. поетска инсталација;

6. апстрактна поезија;

7. немска песна;

8. поетски роман;

9. ескиз (кус расказ);

10. народски изреки.

ЈАС ЗНАМ дека нема НА СВЕТОТ творец со вакви и олку на број жанри и/или книжевни форми, смислени, обмислени и „докажани“ со стотици мои дела!

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 9

А тоа што тоа ништо не значи кај нас, како сѐ друго содадено од мене…