34. За пукање од смеење
„За Твоето грандиозно мислечко и книжевно творештво Ти би требало да ја добиеш Нобеловата награда! Може на предлог од некое странство“.
Прво, Нобеловата награда не е којзнае што и веќе не вреди многу. Во пари „нешто“ над милион евра. Ај само помислете колку се на број олигарси и политиканти-Северномакедонци кои имаат многу повеќе на своите домашни сметки и на сметки во странство.
Второ, ни на крајот од малиот мозок не ми паѓа дека такво „нешто“ може да се случи-да ме предложи Северџганијава, и тоа како ептен тврдокорен Македонец.
Трето, идејата за прелог од „некое странство“ не е БАШ лоша. Ако не сум признаен и не значам ништо како творец во Северџганијава, како што не сум, да се „натурализирам“-на пример да станам државјанин на Катар и да ја добијам Нобеловата награда како „нивен“. Катарски Нобеловец, а? Звучи интересно, нели?
Богами, би имало реални шанси да ја добијам! Ако треба, дури да се преселам таму, во главниот град Доха-на фотографиите ми изгледа баш светски и господски, и да ги оджиеам годините колку што ми ги пишал Господ. Не знам дали би издржал психо-физиички, ама ако се мора ќе се мора.
Да, и целокупното мое творештво да се „натурализира“, односно да стане „катарско“.
Настрана пукањето од смеа. Ако ми дојде таков или некој „сличен“ предлог, богами ќе размислам дебело и длабоко!