ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 2

Потребно време за читање: < 1 минута

2. Народи и нации

Народите (или етникуми или етнички заедници) се од искони, нациите се измислени во 19. век (неоколонијалистички производ).

Не постои американски народ, постои американска нација. (Народите на американскиот континент, погрешно именувани како Индијанци, се збришани).

Не може да постои македонска нација при постоење на македонски народ, Затоа тој е/„мора“ да биде збришан (со Преспанскиот договор)-за да се формира северномакедонска нација.

Македонизмот/Македонството е егзистенцијална суштина на македонскиот народ, а не на македонската нација.

Едно е држава, а друго општество. Држава и општество во државни граници, општество (општествени заедници) и надвор од нив.

Во држава народ и малцинства, во општество граѓани.

Уставот е основен закон на држава, не на општество.