Движење-партија

За слободно промислување

Се (по)троши времето на партиите (партиска идеологија-политичка моќ), со предводничко лидерство на една личност (харизма?!-таа никогаш не била „природна“). Со вештина на влијание.

Време е за движење (формално, неформално), без „цврста“ идеолошка платформа, а со јасна државничко-општествена цел. Тој пресврт веќе се случи-се случува и во Македонија.

Политиката во светот одамна не е „уметност на можното“. Таа е сѐ повеќе авторитетно раководење-овозможување на ефикасно функционирање и надградба на системите на државата и општеството (стручно, мудро и творечки).

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 1

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.