fbpx

Лична слобода

Никој не зборува за личната слобода, а секој за колективната. Што е поважно од сè, не се ни спомнува нејзината суштина. Како да е сè речено и доречено за неа. Камо ли на пример некој да се сети да испее песна, да ја воспее макар во еден стих. Можеби некој веќе го сторил тоа, во светот многу веројатно, но јас сè уште не знам, ни сум слушнал ни сум прочитал. Како и да е, одамна имам забележано дека само при спомнување на слободата, секако при продлабочена расправа за неа, како сама по себе најпрвин да се наметнува колективната.

Јас, љубов моја, сега сакам да размениме збор-два за личната слобода. Повеќе би сакал да ти испеам песна за неа или барем еден стих, но не сум сигурен дека во моментов сум во поетско настроение. Којзнае, можеби и ќе се случи тоа.

Го имам предвид општопознатото: личната и колективната слобода одат заедно, наспоредно и се секогаш меѓусебно обусловени. Притоа, никогаш не треба да се сметне од умот уште едно општопознато: личната слобода ѝ претходи на колективната. Просто речено, човек не може да биде слободен во заедница на слободни луѓе доколку лично не е слободен.

Прочитај и за ... >>  Пред крајот на првиот пат

Не, љубов моја, ова не е мој обид за есеизирање на личната слобода, а прифаќајќи дека колективната е доволно есеизирана што за неа да нема веќе ништо да се домислува. Сакам само да го нагласам она во што сме одамна согласни, уште откога сме заедно: живееме заедно во слобода и можеме еден без друг затоа што сме обајцата лично сосем слободни.

Пред некој ден, во рано сончево утро на мојот небосклон забележав ластовица во лет. Леташе слободно со сламка во клунот. Ту се извишуваше ту се спушташе до под стреата на нашата куќа. Да, правеше гнездо. Ѝ се израдував, а таа со летот ми напиша во воздухот дека се радува и таа. Да, љубов моја, успеав да го прочитам тоа.

По некое време долета јато ластовици. Ластовицата во слободен лет како мигум да го догледа и брзо му се придружи. Гнездото остана недоправено. Сигурен сум дека брзо ќе се врати и ќе го доправи.

Прочитај и за ... >>  ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 39

ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 92

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.